Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ролат со џем од вишни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Ролат со џем од вишни
Магазин

Ролат со џем од вишни

Објавено 21/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Овој прекрасен ролат со џем од вишни е подеднакво вкусен и со други видови џем, но подобро е да изберете потемна варијанта за слоевите да бидат видливи при сечењето, а додавањето на кора од лимон и портокал му ја дава карактеристичната арома. 

          Состојки:

  • 350 грама повеќенаменско брашно
  • прстофат сол
  • 50 грама шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 кесичка инстант квасец
  • изрендана кора од лимон и портокал
  • 50 грама растопен путер
  • 1 јајце
  • 150 мл млеко
  • џем од вишни
  • изматено јајце за премачкување 
  • кристален крупен шеќер или сусам

Подготовка:

Измесете ги сите состојки за тестото додека не добиете мазно и еластично тесто. Посипете го со малку брашно, ставете го во сад, покријте го со крпа и оставете го да нарасне додека не го удвои волуменот. Притиснете го тестото за да излезе воздухот и расукајте го на набрашнета површина во форма на правоаголник со дебелина од околу 3 мм.

Нанесете тенок слој џем од вишни врз целата површина на тестото, а потоа свиткајте го во ролат почнувајќи од подолгата страна. Благо притиснете ги краевите за да го затворите ролатот и да спречите истекување на џемот.

Ставете го тестото во калап за печење обложен со хартија и премачкајте го со изматено јајце, посипете со кристален шеќер или сусам. Печете 30–35 минути, или додека не добие убава златна боја во загреана рерна на 180°C.Оставете го да се излади во калапот пред да го послужите.

Совет:

Тестото можете да го подготвите од претходната вечер. Ставете го во сад, покријте го со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер преку ноќ. Наутро, извадете го од фрижидерот најмалку 15 минути пред употреба за да ја достигне собната температура.

МИА

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:вишниРолатџем
Претходен напис Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане
Следен напис Димитриеска-Кочоска: Во услови на глобална неизвесност ребалансот ги засилува капиталните инвестиции и го поддржува економскиот раст
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?