Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушен бродскиот сообраќај и земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушен бродскиот сообраќај и земјоделството
Агровести

Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушен бродскиот сообраќај и земјоделството

Објавено 20/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нивото на водата во реката Дунав во Романија викедов падна на најниско ниво од 1996 година, што резултираше со ограничувања при наводнувањето на земјоделските површини и делумно нарушување на бродскиот сообраќај.

Речните водните патишта низ Европа се засегнати од продолжените топлотни бранови и сушата, а климатските податоци покажуваат дека просечната максимална температура во Западна Европа во понеделник се очекува да достигне 26,2 степени Целзиусови, што е за 2,7 степени над просекот за 20 јули.

Романската Државна агенција за управување со водите соопшти дека вчера протокот на Дунав низ земјата изнесувал околу 1.700 метри кубни вода во секунда, далеку помалку од просекот за јули што изнесува околу 4.700 метри кубни во секунда.

Снимки прикажуваат големи песочни површини кои се појавиле долж брегот на Дунав во близина на границата со Бугарија. Неколку траектни линии се прекинати, а товарни бродови со жито останале неподвижни поради намалената пловност на реката.

Романија е меѓу најголемите извозници на жито во Европската унија, поради што ниското ниво на Дунав создава дополнителни проблеми за транспортот на земјоделските производи.

Поради недостигот на вода, властите го ограничија пристапот на земјоделците до водните ресурси за наводнување во југоисточниот дел на земјата и воведоа контрола врз водните резерви, со цел да се обезбедат минималните количини потребни за ладење на двата реактори на државната нуклеарна централа „Нуклеарелектрика“.

Според романската Агенција за управување со водите, се очекува од денеска нивото на Дунав постепено да започне да се покачува, последица на обилните врнежи што вчера зафатија неколку региони, наместа предизвикувајќи и поплави. 

МИА

Може да ви се допадне

Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
Трет третман на терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово
Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Таг:30 годиниДунавземјоделствотоРоманијасообраќај
Претходен напис Трет третман на терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово
Следен напис Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?