Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Агровести

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот

Објавено 19/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Современата земјоделска задруга е модерен економски одговор на расцепканото производство, високите трошоци и ограничената преговарачка моќ на поединечниот производител. Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот“, порачав денес на Шар Планина, каде заедно со Земјоделската задруга за традиционално сточарство „Шарри“ и Македонската асоцијација на земјоделски задруги го одбележавме Меѓународниот ден на задругите, информира министерот за земјоделство Борче Серафимовски.

Тој потенцира дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го препознава потенцијалот на задругите. Преку проектот за формирање и развој на производни групи и производни организации, поддржан од Европската Унија, се спроведуваат пилот-модели за обука, модернизација и подобро пазарно поврзување на производителите.

-Анализите покажуваат дека инвестициите во обуки, опрема и организациски развој на задругите можат да се вратат во период од три до пет години. Кај овчарството, подобрата селекција, поквалитетната исхрана и машинското молзење создаваат потенцијал за зголемување на производството на млеко за околу 30%, додека брендирањето и заштитата со географска ознака можат, исто така, за 30% да ја зголемат пазарната вредност на јагнешкото месо.

Суштината на задругарството ја градат довербата, солидарноста и одговорноста меѓу производителите. Овие вредности го претвораат поединечниот труд во заедничка сила, го одржуваат сточарството и создаваат услови руралните средини да продолжат да живеат и да произведуваат храна, информира Серафимовски.

Фејбсук статус на Борче Серафимовски

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:БорчеЗадругиСерафимовски
Претходен напис Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Следен напис Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?