Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вечерва ќе се спроведе втората фаза од теристичката дезинсекција против комарци во Берово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вечерва ќе се спроведе втората фаза од теристичката дезинсекција против комарци во Берово
Агровести

Вечерва ќе се спроведе втората фаза од теристичката дезинсекција против комарци во Берово

Објавено 16/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Берово со соопштение до јавноста информираше дека вечерва ќе се реализира втората фаза од превентивната систематска теристичка дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци, како дел од мерките за заштита на населението од заразни болести.

Според соопштението, третирањето ќе се врши во периодот од 21:00 часот на 16 јули до 05:00 часот на 17 јули, а активностите ќе ги спроведуваат екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје Куманово и Скопје.

Дезинсекцијата ќе се изведува со специјализирана апаратура поставена на моторно возило, при што ќе се користи инсектицидниот препарат AQUA K-OTHRINE, со активна супстанција делтаметрин, одобрен за ваков вид третман.

Со третирањето ќе бидат опфатени зелените јавни површини, подрачјата долж реките и водотеците, околината на каналската мрежа, локалитетите со застојни водени површини, урбаните населби, како и останатите локации предвидени со Планот и Програмата за дезинсекција на територијата на Општина Берово.

Од Општината препорачуваат граѓаните за време на третирањето да не се задржуваат на отворен простор, да ги затворат прозорците и, доколку е можно, да ги заштитат или отстранат храната и предметите што се изложени на отворено.

Воедно, упатен е апел и до пчеларите навремено да преземат мерки за заштита на пчелните семејства, согласно важечките препораки за време на спроведувањето на дезинсекцијата.

Од локалната самоуправа посочуваат дека, доколку временските услови бидат неповолни, односно во случај на дожд, силен ветер или други временски неприлики, активностите ќе бидат одложени и реализирани во првиот нареден ден кога ќе се создадат услови за нивно безбедно и ефикасно спроведување.

Општина Берово апелира до граѓаните за разбирање и соработка, истакнувајќи дека мерката има за цел намалување на ризикот од појава и ширење на заразни болести што се пренесуваат преку комарци. 

МИА

Може да ви се допадне

Гоцевски: Производството на вишна е двигател на локалната економија, Општина Делчево ќе продолжи со поддршка на овоштарите
Утре од 4 до 6 часот трето авионско прскање против комарци во Крива Паланка
ЦУК: Активен пожар во кичевското село Србица, пожарот во селото Бајково во општина Ново Село под контрола
Утре започнува 5. по ред “Фестивал на жетвата“ во Новаци
Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни работни визи, вели Николоски
Таг:Берововтората фазакомарцитеристичката дезинсекција
Претходен напис Утре од 4 до 6 часот трето авионско прскање против комарци во Крива Паланка
Следен напис Гоцевски: Производството на вишна е двигател на локалната економија, Општина Делчево ќе продолжи со поддршка на овоштарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?