Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Серафимовски во Кавадарци: Килограм „вранец“ ќе се откупува за 21.8, а „смедеревка“ 20 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Серафимовски во Кавадарци: Килограм „вранец“ ќе се откупува за 21.8, а „смедеревка“ 20 денари
Агровести

Серафимовски во Кавадарци: Килограм „вранец“ ќе се откупува за 21.8, а „смедеревка“ 20 денари

Објавено 15/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Килограм „вранец“ ќе се откупува за 21.8 денари, а „смедеревка“ за 20 денари, ги соопшти денеска во Кавадаречкото село Сопот, откупните цени за грозјето новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски. 

– Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја утврдува производната цена на винското грозје за двете најзастапени сорти, согласно Законот за виното и Методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет. Во согласност со законските одредби, Министерството преку јавен конкурс избра научна институција која ја спроведе пресметката на производната цена. Врз основа на спроведените теренски истражувања, анкети, сондажи и анализа на производните трошоци, Земјоделскиот институт – Скопје ја изготви пресметката на производната цена за најзастапените сорти винско грозје – појасни министерот Серафимовски во изјава за медиумите.

Серафимовски појасни дека откупната цена за најзастапените црвена и бела винска сорта грозје, е всушност, добиена, откако за 25 проценти е зголемена производствената цена. При пресметката биле земени предвид сите релевантни производни параметри, вклучително и трошоците за агротехнички мерки, заштита, прихрана, работна сила, механизација, репроматеријали и останати фиксни и варијабилни трошоци, согласно Методологијата.

-Производната цена, е утврдена врз основа на реални податоци добиени преку теренски анкети и анализи на репрезентативен примерок на лозарски стопанства, со што се обезбедува објективност, стручност и транспарентност во процесот на нејзиното утврдување. За поголема транспарентност, анкетните листови беа и јавно објавени на страната на Земјоделскиот институт – Скопје, подвлече Серафимовски. 

Министерството, нагласи Серафимовски, останува посветено на доследна примена на законските процедури и на обезбедување фер, транспарентен и предвидлив процес во интерес на лозарите и винарската индустрија, при што сите активности се реализираат во согласност со Законот за виното и подзаконските акти што ја регулираат оваа област.

МИА

Може да ви се допадне

Сончево и многу топло време во следните денови, попладне можно локално невреме
EXPO 2027 Белград – можност за македонските компании да се претстават на глобалната бизнис сцена
Кинеската трговска размена достигна 3,75 трилиони долари во првите шест месеци од 2026 година
АЕТМ: Е-трговијата во Македонија со двоцифрен раст – онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Таг:ВранецКавадарциСерафимовскисмедеревка
Претходен напис EXPO 2027 Белград – можност за македонските компании да се претстават на глобалната бизнис сцена
Следен напис Сончево и многу топло време во следните денови, попладне можно локално невреме
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?