Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во рамки на COST акцијата FLAVOURsome, денеска и утре ќе биде домаќин на петтата меѓународна работилница „Sensory Evaluation and Analytical Characterization of Food and Beverages Flavour Components“.

На работилницата ќе учествуваат еминентни предавачи од повеќе европски земји, како и домашни и странски истражувачи и експерти, кои ќе дискутираат за најновите научни достигнувања во областа на сензорната евалуација и аналитичката карактеризација на ароматичните компоненти во храната и пијалаците.
Програмата опфаќа стручни предавања, усни презентации, панел-обуки и мастер клас посветен на виното, со акцент на современите методи за анализа и оценување на аромите.
МИА
