Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата: Борче Серафимовски е новиот министер за земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата: Борче Серафимовски е новиот министер за земјоделство
Агровести

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата: Борче Серафимовски е новиот министер за земјоделство

Објавено 13/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на Владата, со што осум нови министри официјално добија доверба да ги преземат ресорите во извршната власт.

Сите предложени кандидати беа избрани со идентично мнозинство од 69 пратеници, а новиот владин состав ќе раководи со повеќе клучни министерства.

Новите министри се:

  • Јетон Шасивари – министер за правда;
  • Агон Ферати – министер за односи меѓу заедниците;
  • Борче Серафимовски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство;
  • Сашо Клековски – министер за здравство;
  • Ѓоко Велковски – министер за социјална политика, демографија и млади;
  • Иван Стоилковиќ – министер за локална самоуправа;
  • Седат Сулејмани – министер за култура и туризам;
  • Ерџан Демир – министер без ресор.

Гласањето следуваше по целодневна и тензична собраниска расправа, која беше обележана со жестоки меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата.

Политичката атмосфера дополнително се вжешти откако пратениците од СДСМ, Левица и Европскиот фронт ја напуштија пленарната седница во знак на протест, обвинувајќи дека не им било овозможено суштински да дебатираат за предложените кадровски решенија.

По нивното заминување, претседателот на Собранието ја продолжи седницата, а пратениците од парламентарното мнозинство ја изгласаа реконструкцијата без присуство на опозицијата.

Со денешното гласање, новите министри и официјално стапуваат на функција, преземајќи ги ресорите во реконструираниот владин кабинет предводен од премиерот Христијан Мицкоски.

Може да ви се допадне

Успение на Пресвета Богородица: Зошто го барате во гробот, она што беше пренесено на небото
Дурмиши: Отворени сме за нова формула за минималната плата, од исполнетите реформи се очекуваат 20 милиони евра од ЕУ
Министерот Серафимовски на средба со производители и откупувачи на ориз
Мицкоски: Земјоделците ја имаат нашата поддршка, преку механизмите кои ни се на располагање ќе сториме сѐ за да помогнеме
Дурмиши: Сега трговците се примерни, но ако имаат девијантно однесување, ќе бидат казнети
Таг:БорчеВладаМЗШВ
Претходен напис Набавете SOLIS 75 HVAC со херметик кабина на кредит со одлични услови!
Следен напис Сончево со температури до 36 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?