Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Доволно вода во акумулациите, стабилно водоснабдување и наводнување во кумановско-липковскиот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Доволно вода во акумулациите, стабилно водоснабдување и наводнување во кумановско-липковскиот регион
Агровести

Доволно вода во акумулациите, стабилно водоснабдување и наводнување во кумановско-липковскиот регион

Објавено 13/07/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Водоснабдувањето на Куманово и наводнувањето на земјоделските површини во Кумановско-липковскиот Регион се одвиваат непречено – информираа денеска надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско Поле“. Браните „Глажња“ и „Липково“ располагаат со доволни количини вода.

-Во акумулацијата Глажња во моментов има околу 18 милиони кубни метри вода, додека во браната Липково има околу еден милион кубни метри- информираше  раководителот на ЈП „Кумановско-липковско поле“, Дарко Живковски.

Тој посочи дека претпријатието редовно ги испорачува потребните количини сурова вода до ЈП „Водовод“. Непречено се одвива и наводнувањето на земјоделските површини во регионот. Според Живковски, обилните врнежи во изминатиот период значително придонеле за полнење на акумулациите.

-Бевме сведоци на интензивни врнежи, имавме и прелевање на браната, така што сезоната ја започнавме со полни акумулации. Во споредба со минатата година, сега имаме поголемо количество вода. Тоа, сепак, не значи дека не треба да водиме сметка за користењето на водниот ресурс. Не знаеме какви ќе бидат врнежите следната зима, па затоа е неопходно рационално користење на водата за да обезбедиме доволни резерви и за наредниот период-  изјави Живковски.

Тој упати апел до граѓаните и земјоделците водата да ја користат совесно, и за наводнување и за водоснабдување. Живковски информираше дека претпријатието во изминатиот период работело и на расчистување на критичните речни корита во регионот, со цел да се намали ризикот од поплави.

Во однос на реакциите на граѓаните за „дивите“ депонии во близина на Липковската брана, Живковски рече дека веќе разговарале со локалната самоуправа.

-Разговаравме со градоначалникот на Општина Липково и се разгледуваат можностите како да се заштити просторот околу браната. За жал, дел од граѓаните фрлаат отпад од домаќинствата и градежен шут непосредно под браната. Иако тоа не е наша директна надлежност, со расположливите ресурси ќе помогнеме во расчистување на отпадот, со цел просторот да биде исчистен и заштитен- рече Живковски.

Претпријатието почна и со расчистување на коритото на Крива Река и Ранковачка Река кај Ранковце кои не биле чистени две децении. Налдежните најавија расчистување на критичните точки за да спречат излевања и поплавување на земјоделските површини.

МИА

Може да ви се допадне

Основана Кинеско-македонска стопанска комора: Ново поглавје во пријателството и економската соработка меѓу двете земји
Зголемен бројот на странски туристи, најмогу се од Турција, Германија, Србија и Бугарија
Дизелот поскапува за 5,50 денари, а бензините за 1,50
Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност
Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени се над 612 милијарди денари
Таг:акумулациитеДоволно водакумановско-липковскиотрегион
Претходен напис Зголемен бројот на странски туристи, најмогу се од Турција, Германија, Србија и Бугарија
Следен напис Основана Кинеско-македонска стопанска комора: Ново поглавје во пријателството и економската соработка меѓу двете земји
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?