Без вода за пиење се делови од скопскиот регион поради уличен дефект, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје,
Поради уличен дефект на улицата Борис Трајковски, во близина на бензинската пумпа „Лукоил“ во Пинтија, прекинато водоснабдување имале корисниците од Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково.
Водоснабдувањето ќе било прекинато до завршување со санација на дефектот.
МИА
