Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Австралија го потврди првиот случај на птичји грип кај домашна морска птица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Австралија го потврди првиот случај на птичји грип кај домашна морска птица
Агровести

Австралија го потврди првиот случај на птичји грип кај домашна морска птица

Објавено 10/07/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Австралија денеска го потврди првиот случај на смртоносниот вирус на птичји грип Х5Н1 кај домашна морска птица.

– Лабораториските испитувања на австралиската национална научна агенција го потврдија случајот кај голема чигра пронајдена во крајбрежниот град Роуб во Јужна Австралија – изјави министерката за земјоделство Џули Колинс.

Како што се наведува, ова е прва потврдена инфекција кај австралиска морска птица, а сите останати случаи беа пронајдени кај морски птици преселници. Со ова, вкупниот број на потврдени случаи во земјата се зголеми на 12, откако властите денеска потврдија две дополнителни инфекции во Јужна Австралија и една во Западна Австралија.

Колинс рече дека развојот на настаните е „загрижувачки“, но не и неочекуван, додавајќи дека сè уште нема докази за масовна смртност или за ширење во живинарскиот или поширокиот земјоделски сектор.

Австралија во јуни стана последниот континент што потврди случај на Х5Н1 на копното, иако вирусот беше откриен на крајот на 2025 година на субантарктичката територија на островот Херд, на околу 4.100 километри од континентална Австралија.

МИА

Може да ви се допадне

Без вода Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениковo
Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци од понеделник до четврток во Скопје
АФПЗРР: Потпишан меморандум за соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 09.07.2026 година
Поради Африканска чума во Србија ќе бидат еутанизирани 11.000 свињи
Таг:Австралијадомашна морска птицаПтичји грип
Претходен напис Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци од понеделник до четврток во Скопје
Следен напис Без вода Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениковo
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?