Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 780 бикови заклани и запалени поради административна грешка – Погрешно го прочитале документот дека животните се вакцинирани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > 780 бикови заклани и запалени поради административна грешка – Погрешно го прочитале документот дека животните се вакцинирани
Агровести

780 бикови заклани и запалени поради административна грешка – Погрешно го прочитале документот дека животните се вакцинирани

Објавено 13/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Има сè повеќе повици за целосна забрана на транспортот на жив добиток. Најновиот случај, кој доведе до колење на 780 млади бикови, беше предизвикан од едноставно, бирократско недоразбирање.

Имено, алжирските власти одбиле да ги истоварат животните кои пристигнале од Франција, поради „неточни“ здравствени сертификати и поврзани здравствени ризици, пишува Splash.

Проблемот настанал бидејќи на документите за вакцинација пишувало „IBR позитивно“. Француските власти изјавиле дека во Алжир погрешно сфатиле дека биковите се носители на заразниот говедски ринотрахеитис (IBR), наместо дека таа напомена се однесува на вакцинацијата што ја примиле.

Враќањето во Франција не било можно, бидејќи во меѓувреме биле нахранети со сено од Алжир, каде што е широко распространета болеста шап и лигавка. На бродот останале околу три недели додека не завршиле преговорите за враќање во земјата извозник. Откако стигнале до француското пристаниште Сете, биле заклани, а потоа запалени.

Забрана за транспорт по морски пат

Секоја година околу 3 милиони говеда, овци и кози се извезуваат од Европа во трети земји, а Франција најмногу извезува во Алжир и Израел.

Фондацијата за заштита на животните во Фрајбург предупреди дека вакви случаи се случуваат секоја година. Во 2021 година, 2.600 говеда морале итно да бидат заклани по тримесечното патешествие по Средоземното Море.

Европските организации за заштита на животните бараат да престане извозот на жив добиток во трети земји. Тие наведуваат дека недостатокот на планови за вонредни ситуации и слабата имплементација на постоечката законска регулатива и понатаму ќе води до катастрофи.

„Транспортните инспекции се ретки во пристаништата и не постојат на бродот, недостигаат податоци за болните, повредени, изнемоштени и угинати животни“, предупредуваат оттаму.

Тие нагласуваат дека бродот „Надер А“, кој ги превезувал, е изграден во 1977 година, а адаптиран за превоз на добиток во 2013 година. Тој плови под знамето на Того и е на црната листа според Парискиот меморандум за контрола на државните пристаништата, а уште во 2017 година му бил забранет пристап од сите пристаништа што го потпишале тој документ. Во 2018 и 2019 година, пловилото беше прегледано пет пати и беа констатирани 22 недостатоци.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:алжирбиковивакцинадобитоктранспорт
Претходен напис Најмногу дожд во Претор, најстудено на Попова Шапка
Следен напис Се што треба да знаете за производство на црвено вино во домашни услови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?