Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 7 извондредни карактеристики на ЗЕЛКАТА
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > 7 извондредни карактеристики на ЗЕЛКАТА
МагазинСовети

7 извондредни карактеристики на ЗЕЛКАТА

Објавено 19/12/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

И покрај особено богатиот нутритивен состав, зелката често е потценета како храна.
Овој зеленчук се одгледува со векови низ поголемиот дел од светот. Така и кај нас, зелката е присутна во традиционалната кујна во најразлични облици. Сепак, во текстов ќе зборуваме за најздравиот начин на кој може да биде консумирана – свежиот.

Низа на корисни својства за организмот се поврзуваат со зелката. Во продолжение ќе ги наведеме најважните, базирани на науката.

1) Зелката е богат извор на различни хранливи материи

Иако во најголем процент, таа е составена од вода, па така има ниска калориска вредноста, сепак претставува богат извор на низа од микронутриенти.
Во 100g зелка се содржи:

– 25 калории
– 5,5g јаглехидрати
– 1g протеини
– 2,1g растителни влакна
– 87% од Дневно Препорачаниот Внес за витамин К
– 55% од ДПВ за витамин С
– 11% од ДПВ за витамин В9
– 8% од ДПВ за манган
– 7% од ДПВ за витамин В6
– 5% од ДПВ за калциум
– 5% од ДПВ за калиум
– 3% од ДПВ за магнезиум

Зелката исто така содржи во помал процент и витамин А, железо и витамин В2.

Витамините В6 и В9 се особено значајни за метаболитичките процеси и нормалното функционирање на нервниот систем. Зелката е богата и со растителни влакна како и антиоксиданти како што се полифенолните, некои сулфурни соединенија и витаминот С. Антиоксидантите го штитат организмот од штетното дејство кое може да го предизвикаат слободните радикали.

Слободните радикали се молекули со помал или поголем број на електрони во орбиталите, што ги прави нестабилни. Тоа значи силно реактивни. Кога нивниот број би се зголемил значително, тие можат да стапат во различни реакции со клетките кои би биле доста штетни за организмот. Ваквите процеси водат до хронични инфламаторни процеси, а тие пак кон хронични заболувања.

2) Превенира од хронични воспалителни процеси

Инфламацијата не е секогаш лоша. Всушност тоа е еден механизам на одговор на телото на инфекциите и служи за побрзо опоравување. Ваквиот тип на воспаление е нормално и се нарекува акутно. Од друга страна пак, воспалението кое се случува на долг рок е многу штетно. Тоа се поврзува со многу заболувања како што се срцеви заболувања, ревматоиден артритис, цревни болести итн.

Повеќе студии укажуваат дека зелката и срдоните растенија ги намалуваат т.н. крвни инфламаторни маркери. Се смета дека за ваквото својство се одговорни присутните антиоксиданти. За најпотентни се сметаат сулфурафанот и кемпферолот.

3) Зелката е доста богата со витамин С

Освен веќе споменатото антивоспалително дејство, витаминот С има и едно друго многу значајно својство. Овој витамин е помеѓу најзначајните за правилното дејство на имуниот систем.

Покрај овие ефекти, витаминот С е потребен и за синтезата на колаген. Колагенот е помеѓу најприсутните протеини во организмот. Тој е клучен за структурата на кожата и поседува функционални својства важни за коските, мускулите и крвните садови.

Постојат спротивствени ставови во научните кругови околку директната улога на витаминот С во намалувањето на ризикот од некои видови канцери. Но, некои студии укажуваат дека секојдневното консумирање во доволни количини може да го намали ризикот од некои типови рак.

4) Ја подобрува дигестијата

Ова се должи на присутните растителни влакна и присуството на значителен процент на вода.

Значењето на растителните влакна за здравјето на цревната микрофлора, а со тоа и на целокупно здравје на човекот е големо. Помеѓу најбитните позитивни влијанија на растителните влакна се: одржувањето на здравјето и перлистатиката на тенкото црево, како и дебелото црево, хранењето на корисната микрофлора, обезбедувањето на постепено испуштање на глукозата во крвта и намалувањето на ,,лошиот” холестерол во крвта.

5) Зелката може да помогне за одржување на здравјето на срцето

Тука особено е важно да се спомене црвената зелка. Таа во својот состав содржи компоненти наречени антоцијанини. Овие пигменти кои претставуваат флавоноиди, го даваат специфичниот вкус на овој зеленчук. Зелката содржи 36 различни видови на вакви моќни антоцијанини.

Воспалителните процеси се зголемувачи на ризикот од срцеви заболувања, а позитивниот ефект на антоцијанините се должи токму на нивното антиоксидативно дејство.

Постојат повеќе научни студии кои наоѓаат релација меѓу јадењето храна богата со вакви пигменти и намалениот ризик од висок крвен притисок и други срцеви заболувања.

6) Може да помогне и во намалувањето на нивото на холестерол во крвта

Холестеролот не е сам по себе лош. Тој си има соодветна улога во организмот. Но, неговите покачени нивоа во крвта можат да водат до зголемен ризик од развивање на различни заболувања, најчесто кардиоваскуларни заболувања.

Зелката содржи две супстанции кои покажуваат снижувачки својства во однос на нивоата на ,,лошиот”, LDL холестерол во крвта. Тие две компоненти се растворливите растителни влакна и фитостеролите.

7) Високата соджина на витамин К ја прави зелката особено здрава за коските

Со само 100 грама зелка, речиси 100% можеме да ги задоволиме дневните потреби од витаминот К! Покрај витаминот D и калциумот, овој витамин има најзначајна улога во зачувавањето на здравјето на коските.

Исто така, уште една значајна функција на витаминот К е да служи како кофактор за ензимите кои се одговорни за згрутчувањето на крвта. Без овој витамин процесот на згрутчување би бил нарушен.

Прологот го подготви Д-р. Александар Митов

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Таг:зелкакарактеристикинутритивен состав
Претходен напис Викенд метео анализа -продолжува периодот на стабилно и суво време
Следен напис ХЕМОМЕТАЛ слави 30 години постоење и успешна работа!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?