Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 7.000 дрвца на локации во Ајватовци, Скопско и во беровското село Будинарци, ќе засади здружението „Трибенкс“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > 7.000 дрвца на локации во Ајватовци, Скопско и во беровското село Будинарци, ќе засади здружението „Трибенкс“
Шумарство и водостопанство

7.000 дрвца на локации во Ајватовци, Скопско и во беровското село Будинарци, ќе засади здружението „Трибенкс“

Објавено 24/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здружението за заштита и обнова на животната средина „Трибенкс“, во рамки на својата хуманитарна и општествено одговорна работа ќе засади 7.000 дрвца на две локации. Утре ќе се одржи акција за садење дрвја во атарот на село Ајватовци во Општина Илинден, Скопје, ќе започне во 10:00 часот и ќе трае додека не се засадат сите планирани 2000 дрвја или до крајот на работниот ден.

На 26 и 27 ноември акцијата ќе се префрли во Општина Берово каде што треба да се засадат 5.000 дрвца, на површина од два хектара. Дрвцата ќе се засадат на терен зафатен од пожарите во 2020 година. Акцијата за садење ќе започне во 10:00 часот, и ќе се случи над с. Будинарци, Општина Берово.

Средствата за садење дрвца се обезбедени преку донации од EcoAsist Romania, Бреон ДООЕЛ Скопје, А1 Македонија ДООЕЛ Скопје и сопствени средства на „Трибенкс“, добиени преку резервации на патувања преку филијалните линкови на „Трибенкс“. Садењето е организирано во координација со локалните самоуправи и ЈП „Национални шуми“. „Трибенкс“ досега, има засадено 15.000 дрвца на повеќе локации низ државата. Здружението на граѓани работи од 2019 година, а средствата за садење дрвца ги обезбедува преку филијални партнерства.

-Едноставно, вие го резервирате вашето патување, а „Трибенкс“ сади дрво за вас без пари. Резултати од минатогодишното садење во Радовиш нè мотивираат да продолжиме со нашата работа. Локациите на кои садиме годинава се врз база на пројавениот интерес на локалното население кое стапи во контакт со „Трибенкс“. Отворени сме за соработка. Доколку имате желба да си засадите дрвце и да ни помогнете во нашата работа, контактирајте го „Трибенкс“ и регистрирајте се за волонтирање – изјави Михаил Стевчев, претседател на Здружението кое повика за приклучување на граѓаните кон нивните хуманитарни активности.

Може да ви се допадне

Општина Илинден изврши агрохемиска анализа на обработлива почва
Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
Таг:TreebanksајватовциБудинарциилиндентрибенкс
Претходен напис Времето денеска облачно со локални врнежи од дожд и северозападен ветер
Следен напис Забрана за риболов на Калиманското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?