Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 600.000 евра грант од ИПАРД за рурален туризам: Изградба на ресторани, хотели, спортски објекти…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > 600.000 евра грант од ИПАРД за рурален туризам: Изградба на ресторани, хотели, спортски објекти…
АгровестиФондови

600.000 евра грант од ИПАРД за рурален туризам: Изградба на ресторани, хотели, спортски објекти…

Објавено 27/05/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Доколку планирате да инвестирате во рурален туризам, Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата е токму за вас, бидејќи преку неа имате можност да добиете поврат на средстства во висина од 60% од инвестицијата.

Во продолжение прочитајте повеќе за што сè може да се аплицира, какви услови треба да се исполнат и кои документи се потребни за инвестиции во руралниот туризам:

Кој може да аплицира

– Физички лица:

  • Физичко лице регистрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец
  • Физичко лице без регистрирана дејност

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани во Централен регистар кои вработуваат најмногу 50 вработени и имаат годишен обрт најмногу 10 милиони €.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

За што може да се аплицира во руралниот туризам

  • Сместување во соби, апартмани, кампови, бунгалови – Инвестиции во градба / реконструкција за туристички цели во рурални средини мора да го следат традиционалниот стил на градба.

Доколку барателот е физичко лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:

  • 10 соби (20 гости)
  • 10 сместувачки единици за сместување на отворено (30 гости)
  • 50 гости за ресторански услуги

Доколку барателот е правно лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:

  • 20 соби (50 гости)
  • 30 сместувачки единици за сместување на отворено (90 гости)
  • 150 гости за ресторански услуги
  • Готвење и служење на храна
  • Соби за дегустација / продажба.
  • Рурални музеи
  • Простории за семинари / обуки,
  • Едукативни фарми
  • Рекреативни активности на туристите.

Прифатливи трошоци

  • Прифатливи трошоци се: градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти или реконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет).
  • Инсталација на соодветна опрема
  • Обезбедување на хигиенски и санитарни услови
  • Помошни простории
  • Капацитети за внатрешно и надворешно сместување и за рекреативни цели
  • Обезбедување на пристап, уредување и оградување

Инвестицијата треба да биде во рурална средина и тоа според листата на Населени места определени како рурални области кои можат да користат средства од ИПАРД. Рурални подрачја според ИПАРД се населени места до 30.000 жители. Тоа значи дека за Мерка 7 од ИПАРД може да аплицираат баратели чии инвестиции се во села, населени места но и помалите градови како Берово, Пробиштип, Богданци, Дебар, Кратово, Кочани, Делчево и други.

За повеќе информации и целосна професионална подготовка на апликации за грантови јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:апликацииградбаипардреконструкцијарурален туризамхотели
Претходен напис Земјоделците денес ќе ја блокираат Струмица поради ниската откупна цена на доматот
Следен напис Трета смена: Шест причини за прскање со пестициди навечер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?