Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 60% ГРАНТ од ИПАРД за пчеларство: Набавете опрема за производство, пакување, транспорт, АПИ комори и друго
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ИПАРД > 60% ГРАНТ од ИПАРД за пчеларство: Набавете опрема за производство, пакување, транспорт, АПИ комори и друго
ИПАРД

60% ГРАНТ од ИПАРД за пчеларство: Набавете опрема за производство, пакување, транспорт, АПИ комори и друго

Објавено 06/11/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според досегашниот интерес од страна на читателите на Агротим, се потврдува актуелноста на Мерка 7 и од новата ИПАРД 3 програма. Токму затоа сакаме да ја доближиме до сите заинтересирани кои планираат да инвестираат во руралниот туризам и алтернативно земјоделско производство, преку информации кои услови треба да се исполнат и кои документи да се обезбедат за да може преку ИПАРД да се вратат 60 % од инвестицијата.

Планирате да инвестирате во РУРАЛЕН ТУРИЗАМ преку ИПАРД, проверете дали населеното место спаѓа во рурални области кои можат да користат средства

Во делот на инвестиции во алтернативното земјоделско производство, значајно место завземаат инвестициите во ПЧЕЛАРСТВОТО, каде што дел од прифатливите трошоци можат да бидат:

  • Опрема за пчеларство (опрема за прием, собирање и складирање)
  • Опрема за прием, собирање, складирање, полнење и пакување на мед,
  • Опрема за производство и пакување на други пчелни производи,
  • Опрема за етикетирање,
  • АПИ комори
  • Опрема и апарати за анализа на производот
  • Опрема за манипулација, товарање и растоварање,
  • Инсталација на соодветната опрема;
  • Достигнување на стандарди за заштита на животната средина;
  • Обезбедување на хигиенски и санитарни услови и т.н.

Кој може да аплицира:

– Физички лица:

- Реклама -
Ad image
  • Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства
  • Регистриран индивидуален земјоделец
  • Физичко лице регистрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец,

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани во Централен регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони евра.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

Новина во оваа програма ќе биде предфинансирањето, односно променет е и начинот на исплата на одобрените средства за одобрените проекти. Се предвидува авансна исплата на средства и тоа од 30 – 50 % од сумата со самото склучување на договорот за проектот.  

Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 %, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 % од средствата или 30.000 евра.

Може да ви се допадне

ИПАРД грант до 600.000 евра за производство на хартија и производи од хартија: Сите услови на едно место
Инвестирајте со ИПАРД грант до 600.000 евра за производство на бетон, цемент, гипс, малтер, стакло, керамички плочки, обработка на камен…
Подигнете нов ОВОШЕН и ЛОЗОВ насад, изградете ФАРМА или набавете земјоделска МЕХАНИЗАЦИЈА со 60% грант преку ИПАРД
Идеја за инвестиција преку Мерка 7: Изградете апартмани во Струга или Валандово со грант од ИПАРД
Грант до 600.000 евра за развој на бизниси: Производство на мебел, облека, преработки од дрво, хартија, гума, кожа…
Таг:ипардмерка 7
Претходен напис ИПАРД грант до 600.000 евра за производство на хартија и производи од хартија: Сите услови на едно место
Следен напис Посебен сообраќаен режим утре кон градските гробишта поради Задушница
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?