Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 42 милиони денари од Програмата за рурален развој и Општина Кисела Вода инвестирани за реновирање на Домот на култура – Кино во с. Драчево
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > 42 милиони денари од Програмата за рурален развој и Општина Кисела Вода инвестирани за реновирање на Домот на култура – Кино во с. Драчево
Агровести

42 милиони денари од Програмата за рурален развој и Општина Кисела Вода инвестирани за реновирање на Домот на култура – Кино во с. Драчево

Објавено 05/11/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерката за култура Ирена Стефоска, градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски денеска присуствуваа на свеченото отворање на Домот на култура – Кино во с. Драчево.

Во реновирањето на старото кино, сега Дом за култура, вложени се над 42 милиони денари, со пари од Програмата за рурален развој и дел од општина Кисела Вода. На 1200 метри квадратни метри, жителите на село Драчево добија кино, театар, сцена, а во овој објект ќе биде сместена и Матичната служба.

-Исклучително се радувам што денеска сум присутна на отворањето на реновираниот Дом на културата во Драчево, односно на старото кино. Тоа е место кое е длабоко врежано во сеќавањата на драчевци, но и на скопјани. Се сеќавам и јас на киното Драчево. Ја поздравувам оваа иницијатива која стана реалност. Сите вие заедно покажувате дека кога се сака и умее може да се направи. Со жителите на Драчево, особено со младите, сакам да ја споделам радоста за отворањето на овој дом на културата, кој има повеќе намени-има кино, театар, сцена, овде ќе биде и матичното. Ова ќе биде место каде сите драчевци, но и скопјани ќе доаѓаат и ќе уживаат во уметноста. Убедена сум дека овој објект ќе стане центар во овој дел на градот, истакна министерката за култура Ирена Стефоска.

Таа потенцира дека и е особено мило што институции од централната и локалната власт работеле заедно се со цел да се отвори овој објект, што според неа е пример за деметрополизација и децентрализација. Министерката Стефоска рече дека во ова време на пандемија, културата можеби не е на врвот на приоритетите, но таа е лек за менталното и за духовното здравје.

-Во овој центар граѓаните ќе ги задоволуваат своите духовни потреби, истакна Стефоска.

Градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски рече дека му е чест и задоволство ми е што сум денеска тука на отворањето на Домот на културата во село Драчево.

– Изминативе три години покажавме како треба да се води една општина. Покажавме дека се битни инвестициите во спорот, во инфраструктурата, во образованието и во културата. Покажавме дека за да имаме една комплетна општина треба подеднакво да инвестираме и во руралниот и во урбаниот дел. За нас секој е битен. Затоа и овој објект овде Домот на културата во с. Драчево, објект во којшто заедно со Агенцијата за финансирање и поддршка на руралниот развој и земјоделието инвестиравме преку 42 милиони денари во 1200 метри квадратен простор плус летна сцена. Во овој простор ќе се развива културата во с. Драчево, но и во околните населби – населба Драчево, Зелениково, Студеничани. Сите ќе имаме можност да го посетуваме овој капитален објект, истакна Темелковски. Тој нагласи дека во објектот во иднина ќе има и радосни настани преку Матичната служба. Во Домот за култура ќе се одржуваат сите работи коишто се од интерес на граѓаните на с. Драчево.

– Тука ќе биде сместено и најстарото КУД „Китка“ од село Драчево, кое со години е репрезент на културата на Кисела Вода, на македонската култура. Тие се репрезенти и во државата, но и надвор. Затоа сметавме дека е време да си имаат објект во којшто ќе бидат домаќини, во којшто ќе може навремено да ги подготвуваат сите свои настани, но и уште подобро да ја презентираат македонската култура и традиција и надвор од нашите граници, рече Темелковски.

Тој информира дека во првата фаза, поради пандемијата, ќе работи само стручниот дел, поточно службите коишто се во интерес на граѓаните.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски рече дека тој зборува за дела и бројки.

– Овој значаен објект е целосно реконструиран со што просторот веќе претставува еден мултифункционален и современ центар во кој сегашните, но и идните генерации ќе ја негуваат пред сè културата. За реконструкција на Домот на културата Агенцијата преку Програмата за рурален развој издвои 14,7 милиони средства денари, грант наменети за општината којашто другиот дел на средствата ги обезбеди самата. Наскоро во оваа зграда ќе можат да се одржуваат и театарски претстави, изложби, а ќе има можност КУД „Китка“ повторно да си најде свој дом, подвлече Бабовски. Според него, ова е можност младите да се тргнат од нивните мобилни телефони и екраните на компјутери, да дојдат на ова место каде што ќе можат културно да се едуцираат и образуваат. Тој истакна дека Агенцијата со која раководи има одлична соработка со општината Кисела Вода, и оти заеднички направиле неколку проекти досега.

– Со општина Кисела Вода, Агенцијата е навистина партнер и е добар пример како локалната власт добро соработува со централната власт. Во овој дел на Кисела Вода, Драчево и околината се финансирани од страна на Агенцијата со грант од 28 милиони денари. Ваквите проекти помагаат граѓаните да имаат квалитетни услови за живот и можност да отвораат и нови бизниси, истакна Бабовски.

Тој потенцира дека преку Програмата за рурален развоја моментално во државата се реализираат 200 проекти во висина од 38 милиони евра.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Дом за култураДрачевоинвестицијареновирањерурален развој
Претходен напис Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на средба со Шефот на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир
Следен напис (ВИДЕО)Неверојатна модерна технологија за одгледување пилиња
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?