Минатата година беше најтоплата година забележана досега, со што се заокружи деценијата на рекордни температури кои сведочат за глобалното затоплување, соопшти европската служба за климатски промени Kopernikus
2020 година беше за 1,25 степени потопла од прединдустрискиот период како и 2016 година. Меѓутоа, 2016 година ја обележа Ел Нињо (глобален двоен океанско-атмосферски феномен) кој придонесе за зголемување на температурите помеѓу 0,1 и 0,2 степени.
Климатологот Зеке Хаусфадер за агенцијата Франс прес, изјавил дека темепратурата од 70 – те години на минатиот век се зголемувала за 0,2% по деценија.
Светската метеоролошка организација на крајот на месец декември соопшти дека 2020 е меѓу трите најтопли години во историјата.
Во Европа, која ја обележа топлотен бран, 2020 година била потопла, за 0,4 степени повеќе од 2019 година и за 1,6 степени повеќе отколку во референтниот период 1981 – 2010, односно за 2,2 степени, повисока отколку во прединдустрискиот период.
Во арктичкиот регион, посебно во Сибир, годината ја обележа и „извонредно динамична“ сезона на шумски пожари поради што се испуштени 244 мегатони јаглен диоксид.
После една изолирана година, периодот 2015-2020 е досега најтопол период а последната деценија (2011-2020) e исто така најтопла од почетокот на индустриската ера.
Извор:Agronews
