Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 12-годишниот Боже наутро ги води кравите на пасење, наместо мобилен носи книга, а знае и како од неработник да создаде работник
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > 12-годишниот Боже наутро ги води кравите на пасење, наместо мобилен носи книга, а знае и како од неработник да создаде работник
Магазин

12-годишниот Боже наутро ги води кравите на пасење, наместо мобилен носи книга, а знае и како од неработник да создаде работник

Последна измена: 10/01/2022 14:33
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Дванаесетгодишниот Боже Вукас од хрватското село Љут најдобро знае како да го претвори неработникот во работник. На неодамнешната конференција Enter одржана во рамките на Центарот за извонредност во Сплит, тој ја претставил својата друштвена игра токму со името – Неработник.

Станува збор за вертикална картонска платформа со димензии 40х20 см со релјефен приказ на градител на пирамидата.

„Целта на играта е да се онеспособат неработниците и на тој начин да им се олесни на работниците непречено да ја градат пирамидата. За тоа се потребни и карти, кои се делат меѓу играчите“, објаснува Боже.

Според овој ученик од шесто одделение, играта не е дизајнирана за да се добие победник, туку се игра тимски од еден до шест играчи. Откако ќе се поделат картите, тој што ќе освои еден од шесте фараони има право прв да игра од врвот на платформата за да ги исфрли малите пилиња со наочари за сонце или по желба и неработниците.

„Верувам во нејзиниот успех, а целта ми е да ја добијам главната награда од седум илјади куни, која на крајот би ја пренасочил кон набавка на нов печатач и калап за сечење и на тој начин со помош на добрите луѓе да ја комерцијализирам мојата работа“, вели Боже, кој е убеден дека може да заврши и како компјутерска игра.

Ги носи крави на пасење, а наместо мобилен носи книга

Малиот Боже својот придонес во создавањето нешто ново го карактеризира како резултат на посветена работа, изоставена од напредната технологија – мобилни телефони, лаптопи и телевизија. Тие не му се потребни. Неговиот работен ден започнува со чување на кравите. Семејството Вукас се грижи за дваесетина говеда, за чие „тимарење“ е задолжен токму Боже, најмладиот од тројцата браќа.

„Секое утро кога ми дозволуваат училишните обврски, ги носам кравите на пасење. Без разлика дали има дожд или снег, животните треба да јадат. Наместо мобилен, со мене носам книга. Таа е мојата единствена пријателка. За жал, вистински пријатели немам зашто најблискиот ми е оддалечен десетина километри од куќата“.

Вели дека малку му е тешко без пријатели, но ги нашол во Математичкиот центар за извонредност во Сплит. Татко му секоја сабота го вози во Триљ, од каде што со автобус оди до Сплит и назад.

„Немам утеха во мобилниот телефон, интернетот и сите тие чуда. Повеќе се потпирам на идеите кои ми се ројат во главата“, вели тој.

„За жал, моите врсници се препуштаат на летаргија без мотивација за нови идеи. Дури и кога не учам, се фаќам за мотика и од камењата градам мали камени куќички и ги редам“, набројува Боже.

Неговата мајка се гордее со него и вели дека е посветен на секоја работа и одличен работник кој едноставно ги покрива сите области.

„Не само математиката, туку сѐ што гледа и слуша. Тој создава нешто од ништо. Не можам повеќе да ги следам неговите идеи. Секој ден „исфрла“ нешто ново и искрено да ви кажам, необјасниво и неразбирливо за мене”, со причина го фали својот син гордата мајка на Боже.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Македонското макало моментално е најдобриот сос на светот а може да се направи за 5 минути
Дали млеката од растителна основа се навистина поздрава? Секогаш проверувајте ги овие состојки на етикетата
Градинарството како лек: Како работата во природа го подобрува менталното здравје и го продолжува животот
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана
Таг:боже вукаснеработник
Претходен напис Трошоците за живот во 2021 зголемени во споредба со 2020 година
Следен напис Возачи бараат да се исчисти од снег автопатот од Миладиновци до светиниколското село Преод
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?