Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 12 чекори за почнување на доходовен бизнис во руралниот туризам
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > 12 чекори за почнување на доходовен бизнис во руралниот туризам
Совети

12 чекори за почнување на доходовен бизнис во руралниот туризам

Последна измена: 11/03/2020 15:20
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Селскиот туризам може да биде многу погодна основа за започнување на доходовен бизнис. А кога имате идеја и регистрирано стопанство можете да се фокусирате на останатите детали кои се потребни. Во овие 12 чекори дознајте која е тајната на успехот за развој на туризмот во руралните подрачја.

За започнување на бизнис во руралниот туризам неопходно е следново:

1. Дознајте што саката вашите клиенти. Вашиот бизнис ќе се разликува од тоа дали тие сакаат да видат, почувствуваат, купат, научат или да станат свесни за зачувување на природните и културните богатства , или едноставно само сакаат да уживаат.  

2. Пронајдете партнери за производи на руралниот туризам. Значи не ви се доволни само хотелиерите и компаниите кои обезбедуваат транспортни услуги туку и одредени спа центри, винарии, мали претпријатија кои се занимаваат со продажба на сувенири и занаетчиски работилници, музеи, библиотеки, производители на органска храна и сл.

3. Одредете просторна рамка за вашиот производ. Морате да се одлучите дали тоа е само вашата земја, регион, некоја друга дестинација, потоа дали станува збор за место со бањи, градови или тоа се места каде се одржува некоја манифестација со голема посетеност.

4. Пронајдете нешто повеќе во рамките на производот за да добиете дополнителна вредност. Тоа можат да бидат пешачки патеки во природа наменети за берење на лековите билки и печурки, гастрономија на традиционален начин, понуда на сувенири, традиционални занаети или народно градежништво.

5. Обезбедете го вашиот производ со квалитетна инфраструктура. Без добра инфраструктура, вашиот производ нема да биде подготвен за пазарот. Во состав со инфраструктурата можете да понудете сместување, исхрана,транспорт, водич и аниматор.

6. Дефинирајте го пазарот. За успех во почнување на бизнис во руралниот туризам потребно е вашиот единствен производ биде на листата на најпосакувани дестинации во рамки на земјата или регионот која секоја би сакал да ја посети.

7. Позиционирајте го производот на пазарот. Се поставува прашањето дали сакате вашиот производ да стане бренд на пазарот. Ако го сакате тоа тогаш морате да играте на картата на атрактивност и автентичност на производот на пазарот.

8. Рекламирајте го и промовирајте го вашиот производ. Многу е важно да секаде и со сите средства го рекламирате вашиот производ. Најевтини опции тоа да го направите е по пат на интернет и социјални мрежи.

9. Бидете иновативни. Водете сметка за тоа да им дадете дополнителни информации и содржини, реклами, попусти.

10. Бидете одговорни. Секој производ на селскиот,односно руралниот туризам би требало да ја промовира културата и начинот на живот на луѓето во земјата во која тој производ се наоѓа.

11. Мислете на иднината. Мораме однапред да размислуваме за тоа што ќе им оставиме на идните генерации, дали нашиот производ е одржлив и дали обезбедува корист за своите производители и потрошувачи на долг временски рок. Како тој ќе изгледа и дали може да опстои во наредните 20 години.

12. Промовирајте го производот. Размислете како можат потенцијалните туристи да дознаат за објектот и услугите кои ги нудите. Како и кој ќе го промовира моето домаќинство. Тоа се пред се носители на промотивни активности: туристички организации (локални, регионални) како туристичките агенции.

Може да ви се допадне

Пламеница на КОМПИР и ДОМАТ Phytophora infestans
Каснувањето од поскок има страшни последици: Ако ве касне, времето почнува да тече брзо! Еве колку минути имате
Нов вирус им се заканува на пиперките: Во Шпанија се заразени повеќе од илјада хектари
(ВИДЕО) Кога и како да се засадат лубениците во градината
Пестициди, бактерии и јајца од паразити на јагодите: Миењето со вода не е доволно, запомнете две правила
Таг:предлогразвојрурален туризамсовети
Претходен напис Започна изградбата на Откупен центар за земјоделски производи во Општина Градско
Следен напис СЗО прогласи пандемија на корона вирус
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?