На 10.04.2025, АФПЗРР го објави јавниот повик бр. 02/2025 за мерката 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“, позната како „Млад земјоделец“.
Грантовите преку оваа мерка се доделуваат на млади земјоделци, носители на земјоделски стопанства на возраст од 18 до 40 години, кои за прв пат започнуваат да се занимаваат со земјоделска дејност преку воспоставување на ново земјоделско стопанство или преземање на постоечко земјоделско стопанство, доколку воспоставувањето/преземањето е направено во изминатите 18 месеци (сметано од денот на аплицирање).
Поддршката се реализира преку одобрен деловен план од страна на АФПЗРР кој треба да предвидува инвестициони активности за модернизација на земјоделското стопанство.
Крајниот рок за аплицирање е 09.05.2025 година.
Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање („прв дојден, прв услужен“).
ВИСИНА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
Финансиската поддршка се доделува како целосно неповратен грант кој покрива 100% од прифатливите трошоци во максимален износ до 600.000 денари.
Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.
Постои можност за авансна исплата на 40% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци, а остатокот од грантот да биде исплатен по завршување на инвестицијата.
ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ
- Набавка на земјоделска механизација
- Набавка на опрема за пост-бербени активности во растително производство
- Набавка на опрема за преработка на земјоделски производи
- Набавка на опрема за сточарско производство (млеко, месо, јајца и нивни преработки)
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА
Барателот мора да биде носител на земјоделско стопанство на возраст од 18 до 40 години.
Корисници може да бидат следните лица:
1. Индивидуален земјоделец регистриран согласно Закон за вршење земјоделска дејност
2. Индивидуален земјоделец кој се стеклнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување
3. Носител на (семејно) земјоделско стопанство кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност
4. Трговец поединец регистриран согласно Закон за трговски друштва
5. Трговско друштво регистрирано согласно Закон за трговски друштва
Земјоделските стопанства мора да се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Барањето за поддршка треба да е поднесено не подоцна од 18 месеци од денот на запишување на промената на носителот на земјоделското стопанство или воспоставување на новото земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.
Земјоделските стопанства кои биле корисници на мерката 112 Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност, од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години, не можат да бидат корисници на оваа мерка.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
Потребните документите кои се доставуваат во прилог на барањето за финансиска поддршка, треба да се оригинал на македонски јазик или копија заверена на нотар, доколку не е поинаку определено. Доколку документацијата е на друг јазик истата треба да биде придружена со превод на македонски јазик оверен од овластен преведувач. Доколку се работи за официјален документ на друга држава треба да биде оверен со апостил.
1. Уредно и целосно пополнето електронско Барање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година ПРР – 112 (поднесено преку e-baranje.ipardpa.gov.mk)
2. Понуда со детална техничка спецификација за опремата за која се бара финансиска поддршка
3. Деловен план – изготвен согласно Упатството за изготвување на деловен план за Мерка 112
За навремена и професионална подготовка на деловен план јавете се на
📞 071 285 385 или испратете e-mail на [email protected]
4. Доказ за завршено образование:
– Диплома за завршено средно и/или високо образование од областа на земјоделството и/или ветеринарство
– Сертификат за завршена обука за здобивање на квалификации за вршење на земјоделска дејност
Напомена: Доколку барателот нема сертификат за завршена обука за квалификуваност за вршење на земјоделска дејност потребно е Деловниот план да предвидува соодветна обука
5. Потврда од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за лица регистрирани како индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Решение (тековна состојба) за регистриран вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност или Решение (тековна состојба) за упис во регистар на земјоделски стопанства каде носителот на земјоделско стопанство се занимава со земјоделство како дополнителна дејност
6. САМО ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ПОДИГНУВАЊЕ НА НОВ ОВОШЕН/ЛОЗОВ НАСАД, СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ, ИСКОП НА БУНАРИ, ГРАДБА, КОНСТРУКЦИЈА/РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОБЈЕКТИ И ПЛАСТЕНИЦИ
Доказ за поседување или располагање со недвижен имот:
– Имотен лист издаден од Агенција за катастар на недвижности, не постар од три месеци сметано од денот на објавување на јавниот повик, или
– Договор за закуп на земјиште/објект во траење од најмалку 5 години сметано од денот на објавување на јавниот повик и прилог имотен лист за земјиште/објект на име на закуподавачот издаден од Агенција за катастар на недвижности, не постар од три месеци сметано од денот на објавување на јавниот повик, или
– Договор за концесија на земјиште/објект во сопственост на РС Македонија со важност од најмалку 5 години сметано од денот на објавување на јавниот повик со Записник за воведување во владение и прилог имотен лист
7. САМО ЗА ИНВЕСТИЦИИ КОИ ВКЛУЧУВААТ НАБАВКА НА СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ И/ИЛИ ИСКОП НА БУНАР
Договор за испорака на вода за наводнување со назначени катастарски парцели на кои се однесува договорот – склучен со водна заедница или водостопанско претпријатије, или
Дозвола за црпење на вода која се користи за наводнување издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина, или
Известување за поднесено барање за издавање на Дозвола Мислење за црпење на вода која ќе се користи за наводнување издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина, или
Мислење за црпење на вода која се користи за наводнување издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање;
8. САМО ЗА ИНВЕСТИЦИИ КОИ ВКЛУЧУВААТ ГРАДБА, КОНСТРУКЦИЈА ИЛИ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОБЈЕКТИ
Одобрение за градба, конструкција/реконструкција со ревидирана проектна докуемнтација со предмер пресметка врз основа на која е издаадено одобрението за градба, конструкција /реконструкција од единицата за локална самоуправа
9. Договор/Понуда за:
– Услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи, за изработка на опрема, конструкција на елементите и инсталирање на опрема вклучително и софтвер;
– Услуги од трети лица за изработка на деловен план, студии, елаборати, планска и техничка документација
Напомена: Договор за услуги од трети лица се доставува доколку услугата е од физичко лице, или Понуда се доставува доколку услугата е од правно лице. Договор за услуги се доставува доколку барателот користи услуги од трети лица и за истите бара финансиска поддршка.
10. ДОКОЛКУ БАРАТЕЛОТ НЕ ПОСЕДУВА ДОКАЗ ЗА ЗАВРШЕНО СООДВЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ
Договор/Понуда за обука за вршење на соодветна земјоделска дејност согласно предвидениот производствен план од деловниот план.
11. ДОКОЛКУ ЗЕМЈОДЕЛСКОТО СТОПАНСТВО Е ЧЛЕН НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ЗАДРУГА
Доказ дека земјоделското стопанство е член на земјоделска задруга.
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ
Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Електронски пополнетото барање за финансиска поддршка потребно е да се преземе, испринта
и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за
финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на
предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на
Барањето (0225-11211-ХХХХ/1).
Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска
поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски
да ги прикачат документите (понуда/профактура за предложената инвестиција и деловен план
изготвен согласно предвидениот образец „Деловен план за мерка 112“).
За подготовка на проектна апликација јавете се на 📞 071 285 385 или испратете e-mail на [email protected]