Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Малинари милионери, а сѐ стекнале со макотрпна работа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Малинари милионери, а сѐ стекнале со макотрпна работа
Магазин

Малинари милионери, а сѐ стекнале со макотрпна работа

Објавено 04/08/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бербата на „црвено злато“ во Западна Србија деновиве завршува, а по долго време и долго чекање, малинарите конечно задоволно ги тријат рацете.

Рекордно висока откупна цена од обичните земјоделци за еден ден направи милионери.

Милија Поледица од селото Дивjак, заедно со своите два сина, подигнал плантажи на површина од шест хектари, вработил 60 сезонски работници, а неговата дневна заработка за последниот месец изнесувала околу 1,5 милиони динари.

Милија Поледица, фото/принтскрин Agrobiznis magazin

„Чекавме конечно да дојде една добра сезона и дочекавме. Во претходните години се пребројувавме колку и дали ни останува заработка, а сега по бербата можеме да кажеме дека ова е една од најдобрите години за српските малини. Се надеваме дека ова ќе потрае и дека следната година ќе биде барем слична на оваа. Пред нас се големи инвестиции, бидејќи без разлика што и да мисли некој за нас, овие пари не паѓаат од небо, туку ги заработуваме крваво. Побаруваќката за црвеното злато беше голема поради намалување кај главните конкуренти, а цената по килограм се движеше во просек околу 400 динари за килограм, некаде дури и над историскиот максимум“, рекол Поледица, пренесува Рина.

По завршувањето на бербата во повеќето малинарници, овоштарите сега си дадоа малку одмор и се желни да слават и да се забавуваат. Еден земјоделес сакал да си купи авион.

„Сакаше на тој начин да им помогне на сите и одеднаш да ги испрска и навади сите малини. Сепак се откажа од таа намера”, велат жителите на селото Дивjак.

Село Дивјак, фото: Facebook

Според првите податоци добиени од Здружението на малини на Србија, оваа сезона се собрани околу 10.000 тони малини во малинарниците од областа Моравица и Златибор, што е помалку од минатата година кога приносите биле дури трипати поголеми.

„Минатата сезона, приносите беа околу 30.000 тони, а сега сушата, градот и мразот го зедоа својот данок, така што родот е многу помал. Со оглед на просекот од некои претходни години каде што приносите беа околу 50.000 тони, јасно е колку малината е загрозена кај нас. Проблемот го прави лошиот саден материјал, затоа е неопходно да се инвестира во насадите. Олеснителна околност е годинешната добра цена, но и државните субвенции со кои е полесно да се купат квалитетни садници без вируси”, рече Добривоје Радовиќ, претседател на Српското здружение за малини.

Целиот прилог можете да го погледнете на следниот линк:

https://fb.watch/7a5N1K4M6x/

Извор: b92.net

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:малинарисело дивјак
Претходен напис Како да го намалите ризикот од напад на пчела кога сте во природа?
Следен напис Детектирани 363 законски повреди кон животната средина – полугодишен извештај на Државниот инспекторат за животна средина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?