Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Со поволни услови и државна помош обезбедуваме зголемено производство на стратешки земјоделски култури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски: Со поволни услови и државна помош обезбедуваме зголемено производство на стратешки земјоделски култури
Агровести

Ковачевски: Со поволни услови и државна помош обезбедуваме зголемено производство на стратешки земјоделски култури

Објавено 29/04/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Димитар Ковачевски на Форумот „100 дена од мандатот на новата Влада“, кој денеска во Скопје се одржа пред претставници на дипломатскиот кор, стопански комори, граѓански организации, институции и медиуми, одговарајќи на прашања од интерес на медиумите на темата за долгорочната стратегија на Владата за надминување на економско-социјалната и здравствена криза предизвикана од пандемијата и војната во Украина, оцени дека преземените мерки овозможуваат навремено снабдување со потребните основни суровини за производство на храна, со ѓубриво за сеидба и прихрана, семенски материјали и „зелена нафта“.

„За да го зајакнеме домашното земјоделство со пакет мерки изготвивме Интервентен план за производство на храна, којшто е насочен кон стратешките култури, а тоа се пченка, пченица, сончоглед, јачмен. Дополнително, тој е насочен кон извозните култури, доминантно од овоштарството и поледелството ѝ е насочен кон зголемувањето на субвенциите во сточарството, особено во производството на млеко, со оглед на тоа дека ако ги погледнеме производствените капацитети на државата не може нашето производство на суровина да задоволи ниту 50% од капацитетите што можат да произведат“, рече Ковачевски задржувајќи се на воведените нови зголемени субвенции, со новата програма во делот на стратешките култури, во делот на овоштарството, сточарството и поледелството.

Тој посочи дека целта е со оваа поддршка да се справиме со светската економска криза, која претставува една од најголемите по Втората светска војна, предизвикана од агресијата на Русија врз Украина, но и да станеме увозно независни со достапна и поевтина храна.

Според Премиерот, со „Националниот план за производство на храна”, којшто веќе се имплементира, се поттикнуваат земјоделците да се насочат кон зголемено производство на стратешките земјоделски култури и да се искористат ресурсите, да се зголеми производството и залихите за домашните преработувачки капацитети.

Премиерот Ковачевски додаде дека Владините мерки се преземаат со цел да се надмине кризата, која предизвика најголемо покачување на реагенсите, на цената на храната, на суровините за производство на храна особено на вештачките ѓубрива, како и на суровините на другите индустрии особено преработувачката индустрија.

„Ние како држава според мене имавме сосема погрешен концепт на субвенционирање, којшто беше воведен доминантно заради финансирање покрај на земјоделството и финансирање на други политички цели. Ако ги погледнеме бројките на инвестирани 8-9 милијарди денари на годишно ниво и повеќе, ние имаме секоја година помало производство на храна, поголем увоз на храна и драматично помало производство на стратешки прехранбени производи“, истакна Ковачевски кој додаде дека постои нарушување на страната на понудата и затоа се наоѓаме во економска криза, којашто  предизвикува инфлација, која според бројките е идентична во сите земји.

Во рамки на сесијата, на која Премиерот одговараше на прашања испратени од медиумите посочи дека дополнително, заради зголемување на производството на стратешките земјоделски култури, особено на пченицата и пченката, дополнителни 6.000 хектари државно земјиште е подготвено да биде поделено на земјоделците, коишто ќе добијат и заради зголеменото производство и зголемени субвенции.

„Сето ова го правиме како прв чекор во зголемувањето на производството на храна бидејќи Република Северна Македонија располага и со земјиште има поволна клима и вреден народ за производство на голем дел од својата храна, наместо да увезува“, заклучи Ковачевски на Форумот на кој беа претставени постигнувањата на првите 100 дена од новиот мандат на Владата.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:земјоделски културиковачевскипроизводство
Претходен напис Намалени водостоите на поголем дел од реките и на Охридското Езеро
Следен напис Осломејско Езеро порибено со 520 килограми крупни примероци на крап
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?