Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Гладта зема сѐ поголем замав во светот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Гладта зема сѐ поголем замав во светот
Агровести

Гладта зема сѐ поголем замав во светот

Објавено 09/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Над 45 милиони луѓе во 43 држави во светот се на работ на гладување, а несигурноста меѓу луѓето за тоа дали ќе биде обезбеден следниот оброк нагло се зголеми низ светот, предупреди Светската програма за храна (WFP).

Скокот од 42 милиони на почетокот на годината на 45 милиони луѓе во опасност од глад денес е последица на ситуацијата во Авганистан, каде што дополнителни три милиони се соочуваат со глад, соопшти агенцијата на ОН со седиште во Рим.

– Десетици милиони луѓе се на работ на понорот. Судири, промена на политика и Ковид-19 го зголемија бројот на гладните, истакна извршниот директор на Програмата за храна Дејвид Бизли по патот во Авганистан, каде беше донирана помош за околу 23 милиони луѓе.

– Цените на горивата растат, цените на храната вртоглаво пораснаа, ѓубривата стануваат поскапи, сите овие фактори поттикнуваат нова криза како онаа што сега се случува во Авганистан заедно со веќе старите кризи како оние во Јемен и Сирија, рече тој.

За да се спречи гладта ​​во светот, потребни се седум милијарди долари, што е зголемување во однос на побараните 6,6 милијарди долари на почетокот на годината.

Светската програма за храна истакнува дека семејствата се соочени со ужасни избори, па така принудени се да ги повлекуваат децата од училиште, сè помлади девојчиња да се мажат, или своите деца да ги хранат со кактусови лисја или скакулци. Медиумските извештаи од Авганистан предупредуваат дека семејствата се „принудени да ги продаваат своите деца во очајнички обид да преживеат”, според ОН.

Во Сирија, 12,4 милиони луѓе не знаат како да го обезбедат својот следен оброк и таа несигурност за храната е најголема од почетокот на војната пред десет години во таа земја, соопштува WFP.

Гладта ​​е присутен во Етиопија, Хаити, Сомалија, Ангола, Кенија и Бурунди, додава Светската програма за храна.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:глад
Претходен напис Форум за адаптација кон климатските промени и можности за стартап бизниси во земјоделството
Следен напис Дали Полска го губи најголемиот извозен пазар на јаболка?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?