Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Со италијански искуства ќе се спречуваат и измамите со храна, Кривичниот закон клучен во борбата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: Со италијански искуства ќе се спречуваат и измамите со храна, Кривичниот закон клучен во борбата
Агровести

АХВ: Со италијански искуства ќе се спречуваат и измамите со храна, Кривичниот закон клучен во борбата

Објавено 17/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Италијанскиот Кривичен закон претставува основа за спроведување на истрагите кои во делот на храната се насочени кон заштита на здравјето на потрошувачите и спречување на нарушувања на интегритетот на пазарот со храна.

Ова денеска го презентирал Кристријано Лонго од Италија на обуката за спречувањето на измами со храна, која виртуелно се одржала во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи”, кој со италијанските партнери, се реализира со финансика поддршка на Европската унија.

Лонго, кој е лидер на проектот, акцент ва обуката ставил, на презентирање на предложениот план за зајакнување на капацитетите за истраги во однос на измамите со храна. Тој, како што соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство, ги образложил принципите за контрола на електронската продажба на храна, согласно италијанските искуства во оваа област.

Директорот на АХВ Николче Бабовски на обуката потенцирал дека спречувањето на измамите со храна се основа за зголемување на ефективноста и ефикасноста и на нашата институција.

-Преку размена на искуства од областа на спречувањето на измамите со храна ќе ги прошириме знаењата од оваа област која и во европски и светски рамки станува се поактуелна, од економски, но и од аспект на заштита на здравјето на потрошувачите. Спречувањето на измамите со храна се основа за зголемување на ефективноста и ефикасноста и на нашата институција, чиј приоритет покрај заштитата на здравјето на потрошувачите, преку контрлите е и спречувањето на нелојална конкуренција и зајакнување на економијата во целина, истакна во обраќањето директорот Бабовски.

Потврда дека како институција и во оваа област сме на вистинскиот пат, додаде тој, е акцијата ОПСОН 9 на ИНТЕРПОЛ и Еуропол, во која Република Северна Македонија, преку инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство учествуваше заедно со уште 82 држави. Во акцијата, која се спроведе од декември 2019 до јуни 2020 година, акцент беше ставен на спречување на трговијата со фалсификувана и неквалитетна храна и пијалаци.

-Новите знаења за справување со измамите со храна, ќе бидат добра основа за имплементирање на веќе потврдените успешни европски практики во спречувањето на измамите со храна и од страна на нашите инспекциски служби и Одделението за заштита од измами со храна во рамки на АХВ, потенцира Бабовски.

На обуката учествувале шеесеттина претставници, од инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство како носител на проектот, од Царинската управа, Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги и претставници на Министерството за внатрешни работи.

МИА

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Таг:ахвбабовскиизмамахрана
Претходен напис Пандемијата со ковид-19 влијае и на откупот на преспанското јаболко
Следен напис ФИТР и Силк Роуд банка со нова соработка за олеснет пристап до финансии на иновативните компании
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?