Во мај годинава во однос на мај претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 9.1 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 3.6 проценти, а реално е зголемена за 1.6 проценти, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 6 проценти, а реално за 6.2 проценти и Трговија на мало со автомобилски горива реално е зголемена за 14.7 проценти, а номинално за 36.2 проценти.
МИА
