Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Европска централна банка: Кредитирањето на бизнисите во еврозоната се забрза
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Европска централна банка: Кредитирањето на бизнисите во еврозоната се забрза
Агровести

Европска централна банка: Кредитирањето на бизнисите во еврозоната се забрза

Објавено 29/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Банкарското кредитирање за претпријатијата во еврозоната се забрза во мај, според денеска објавени најновите податоци од Европската централна банка.

Обемот на кредитите за нефинансиски корпорации се зголемија за четири проценти на годишно ниво по зголемувањето од 3,4 проценти во април. Тоа е највисоката стапка на раст во последните неколку години и сигнализира зајакнување на кредитирањето и покрај повисоките каматни стапки.

Кредитирањето на домаќинствата, исто така, продолжи да се проширува, зголемувајќи се за 3,1 процент на годишно ниво во мај. Во исто време, широкиот финансиски агрегат М3, кој е меѓу клучните индикатори што ги следи Европската централна банка при водењето на монетарната политика, се зголеми за 3,2 проценти во однос на истиот месец минатата година. Ова ги надмина очекувањата на аналитичарите кои предвидоа зголемување од 2,7 проценти.

Монетарниот агрегат М3 вклучува пари во оптек, депозити на тековни сметки, како и краткорочни монетарни инструменти и должнички хартии од вредност. Неговиот развој се смета за еден од индикаторите за идната динамика на инфлацијата.

Претходно овој месец, Европската централна банка ги зголеми своите клучни каматни стапки за прв пат по речиси три години, како одговор на забрзувањето на инфлацијата во еврозоната, која достигна 3,2 проценти во мај. Учесниците на пазарот очекуваат централната банка да преземе барем уште едно зголемување на стапките до крајот на годината, велат аналитичарите. 

МИА

Може да ви се допадне

Август – месец на голема земјоделска активност, очекувани субвенции и помош од државата
(ВИДЕО) Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси куќите од пожарот кој ноќеска се доближил до првите куќи
Виктор Петков – ВИПРО: Улогата на државата е да обезбеди фер услови, а не да ги турка земјоделците во директни конфликти со индустријата
Земјоделците не сакале да протестираат кај откупувачите на пиперки, тврди Мицкоски
Производителите на пченица од Пелагониско бараат државата според Законот да оддели по 5 денари од Интервентниот фонд за килограм откупена пченица
Таг:БизниситеЕвропска централна банказабрзаКредитирањето
Претходен напис Прво авионско третирање против комарци утре на кавадаречката територија
Следен напис Сончево и топло, од утре локална нестабилност, заладување и дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?