Вкусен и брз џем за подготовка – за здрав појадок, за палачинки, колачи…
Состојки:
- 2 кг праски
- 700 грама шеќер
- 2 ванилин шеќер
- 1 лажичка цимет во прав
- 1 џемфикс 2:1
Подготовка:
Измијте ги и излупете ги праските, а потоа исечете ги на коцки или парчиња. Ставете ги во соодветно длабоко тенџере со дебело дно. Откако праските ќе го испуштат својот сок, додадете пакетче џемфикс 2:1 измешано со 2 лажици шеќер и измешајте го со праските. Кога смесата ќе зоврие, додадете го преостанатиот шеќер, ванилиниот шеќер и циметот; мешајте постојано околу 15 минути, внимавајќи да не зaгори.
Доколку сакате, можете делумно или целосно да ја изблендирате смесата со помош на блендер.Џемот е готов кога лажицата поставена на мала чинија ја задржува својата форма без да тече кога чинијата е навалена. Истурете го топлиот џем во загреани тегли (загреани на приближно 80–100°C околу половина час), полнејќи ги до врвот. Затворете ги теглите со капаци, свртете ги наопаку и оставете ги така додека џемот не се олади.
МИА
