Утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.
МИА
