Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вицегувернерот Величковски: Eдноставни и евтини дигитални решенија за поголемо прифаќање електронски плаќања кај малите трговци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вицегувернерот Величковски: Eдноставни и евтини дигитални решенија за поголемо прифаќање електронски плаќања кај малите трговци
Агровести

Вицегувернерот Величковски: Eдноставни и евтини дигитални решенија за поголемо прифаќање електронски плаќања кај малите трговци

Објавено 18/06/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„И покрај добрата дигитална подготвеност на граѓаните, прифаќањето електронски плаќања кај малите трговци е ограничено и претставува голем предизвик за платниот систем во земјава.“ Ова беше истакнато од вицегувернерот на Народната банка Игор Величковски на отворањето на работилницата „Премостување на јазот кај прифаќањето на електронските плаќања од страна на трговците: Форум на засегнатите страни за заклучоците и следните чекори“, организирана во соработка со Светската банка.

Тој посочи дека земјава има силна основа за дигитални плаќања, со тоа што 84% од граѓаните поседуваат платежна сметка, тројца од четворица жители кои поседуваат платежна сметка примиле или испратиле плаќања преку дигиталните канали, а покриеноста на територијата на државата со интернет и мобилна мрежа е над 90%. Сепак, повеќе од 90% од плаќањето стоки и услуги кај малите трговци сè уште се извршуваат во готовина. Во земјава кај приближно 16.700 трговци има околу 36.000 уреди на кои се прифаќаат плаќања, што покажува дека прифаќањето е концентрирано и нееднакво, особено кај малите бизниси.

Величковски нагласи дека главниот проблем не е дали граѓаните можат да плаќаат дигитално, туку дали малите трговци можат да го прифатат тоа дигитално плаќање. „Малите трговци сè уште ги сметаат електронските плаќања за скапи и сложени“, истакна тој, додавајќи дека решението е во нови, поедноставени модели на прифаќање.

Според него, конкретните чекори што ќе го намалат јазот се: воведување инстант плаќања до крајот на годината преку клонот на ТИПС, развиен од Банката на Италија за земјите од Западен Балкан согласно одлука на Европската централна банка, и придружните услуги како национален интероперабилен код за брз одговор (QR) што ќе може да се користи од сите корисници на платежни услуги независно од давателот на платежни услуги, плаќања преку едноставни идентификатори (алијаси), инстант потврда за секоја трансакција, развивањето на т. н. „Барање за плаќање (услуги)“ и дополнително развивање мобилни апликации, вклучително и од небанкарски даватели.

Тој посочи дека овие решенија директно ги засегаат најголемите препреки за малите трговци: високите трошоци за уредите за прифаќање на плаќањата, сложените процеси и недоволната флексибилност на постојните системи. „Со овие услуги, прифаќањето дигитални плаќања може да стане едноставно како примање порака на телефон“, нагласи Величковски.

Вицегувернерот ја нагласи и соработката со Светската банка во спроведувањето на реформите, вклучително и приклучувањето кон СЕПА и модернизацијата на платежната инфраструктура. „Целта е јасна, секој мал трговец во земјава да има можност да прифаќа дигитално плаќање без препреки, високи трошоци и сложени системи“, заклучи Величковски.

Народна банка на Република Северна Македонија

Може да ви се допадне

Трајков: Европската иднина на Македонија се гради преку знаење, реформи и соработка
МЗШВ учествуваше на првиот Македонско-Романски економски бизнис форум
Самит за инвестиции во транспортот: Западен Балкан клучен за новата европска политика за поврзаност
УХМР: Најмногу врнежи во Гевгелија, денеска сончево и топло со температура до 34 степени
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен
Таг:Величковскиевтини дигиталниелектронски плаќањатрговци
Претходен напис Сончево и топло до 37 степени до средината на наредната недела
Следен напис Трајков: Европската иднина на Македонија се гради преку знаење, реформи и соработка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?