Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зголемени и извозот и увозот, најмногу се тргува со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зголемени и извозот и увозот, најмногу се тргува со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија
Агровести

Зголемени и извозот и увозот, најмногу се тргува со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Објавено 04/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2026 година, изнесува 2.782,3 милиони евра и бележи пораст од 6,9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 3.950,2 милиони евра, што е зголемување од 5,9 % во споредба со 2025 година – објави Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – април 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 50,4 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,3 % во вкупната размена. 

МИА

Може да ви се допадне

Најавено 9-то издание на Ecommerce Conference во Скопје – најзначајниот регионален настан за дигитален бизнис и е-трговија
Миланов: Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин
Научници во Ангола идентификувале над 70 нови видови инсекти 
Над 100 учесници од ИКТ-компании и институции од Македонија и Грција разгледуваат можности за соработка
Во Штип утре прскање против комарци
Таг:Велика БританијаГерманијазголемениизвозотКинаувозот
Претходен напис Магариња лекуваат пациенти со психички болести во психијатриска болница во Франција
Следен напис Најавено 9-то издание на Ecommerce Conference во Скопје – најзначајниот регионален настан за дигитален бизнис и е-трговија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?