Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура
Агровести

УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура

Објавено 04/06/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почнува третата фаза од проектот за е-фактура во рамките на која Управата за јавни приходи (УЈП) овозможува тестирање на системот за е-фактура преку веб-апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури – информира денеска УЈП. 

Во првата фаза се тестира интеграцијата на ЕРП-системите на компаниите со системот за е-фактура.

Во втората фаза се додадени API-сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање е-фактура и се овозможи тестирање повеќе даночни индикатори. Со овие измени се промени структурата на API-повиците и JSON-форматот поради што компаниите повторно ги приспособија своите системи во согласност со новите спецификации објавени на https://efakturawiki.ujp.gov.mk

– Во третата фаза се преминува на веб-апликација преку која секоја компанија – мала, средна или голема – може едноставно да тестира креирање документ, испраќање, прифаќање, одбивање и сторнирање. Апликацијата овозможува тестирање на општата фактура со 12 даночни индикатори. Со веб-апликацијата се овозможува поедноставен пристап до тест-околина за сите деловни субјекти независно од нивната големина или техничка подготвеност, а воедно се поттикнува постепена подготовка за примена на системот за е-фактура – соопшти УЈП.

Воедно, со цел тестирањето да биде структуирано Управата за јавни приходи воспостави соработка со речиси 200 компании – избрани тестирачи, кои во соработка со назначени даночни агенти од УЈП ќе спроведуваат структуирано тестирање. Притоа ќе се тестираат избрани тест-сценарија и компаниите континуирано ќе доставуваат повратни информации до Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи информира дека континуирано спроведува едукативни средби за компаниите преку стопанските комори, бизнис-заедницата и други здруженија. Досега се одржани приближно 30 информативно-едукативни средби, на кои се презентирани клучните аспекти на системот и процесите поврзани со е-фактура.

Во соработка со стопанските комори, во наредниот период предвидено е организирање дополнителни средби со компании во повеќе региони во државата, со цел нивно подетално запознавање со функционалностите и начинот на користење на системот за е-фактура.

– Во наредниот период исто така ќе бидат објавени и вебинар и детално упатство, кои ќе им послужат како дополнителна поддршка на сите компании што самостојно ќе ги тестираат процесите за креирање и размена на е-фактури – најавува УЈП и ги повикува компаниите активно да ја тестираат веб-апликацијата и да доставуваат забелешки, предлози и препораки за нејзино понатамошно подобрување, како и предлози за дополнување и унапредување на даночните индикатори и функционалностите на системот.

И оние компании што немаат назначено даночен агент, УЈП ги охрабрува да пробуваат и да пристапат кон тестирање на функционалноста на системот, како и навремено да пријават евентуални забелешки или технички потешкотии.

Корисни информации за тестирањето: потребна документација: https://efakturawiki.ujp.gov.mk; регистрација и доделување привилегии: https://eujptest.ujp.gov.mk/ureg; тес- платформа за е-фактура: https://efakturatest.ujp.gov.mk; контакт за поддршка: [email protected]. 

УЈП

Може да ви се допадне

Во Штип утре прскање против комарци
Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Таг:е-фактуратретата фазаујп
Претходен напис Шарени ражничи
Следен напис Во Штип утре прскање против комарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?