Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Агровести

Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје

Објавено 04/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Над 100 претставници на технолошки компании, институции и организации од државава и од Грција денеска на форум во Скопје ќе разговараат за можностите за конкретна соработка, заеднички проекти и настап на регионалните и европските пазари.

 „North Macedonia – Greece Digital Bridge & Business ICT Forum“ го организира Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE.

Според организаторите, станува збор за еден од најголемите билатерални настани меѓу Северна Македонија и Грција во последните години, со повеќе од 140 однапред организирани деловни средби меѓу компаниите и кој за прв пат се одржува на ниво на оваа индустриска гранка.

– Нашата цел е од овој форум да произлезат нови договори, а не само нови визит-картички. Веруваме дека македонските и грчките компании имаат многу повеќе простор за соработка отколку што денес го користат и токму затоа ги создаваме овие можности за директни средби меѓу нив –  вели претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски.

Во рамки на форумот ќе биде потпишан и Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и SETPE, со кој двете организации ќе воспостават поинтензивна соработка во областа на дигиталната економија, иновациите и технолошкиот развој.

Настанот ќе биде отворен од претставници на МАСИТ и SETPE, а најавено е учество и на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик-министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски и амбасадорката на Република Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду.

Покрај официјалниот дел, ќе се одржат презентации на компании од двете земји, како и B2B средби посветени на создавање нови деловни партнерства и развој на конкретни бизнис иницијативи.

МИА

Може да ви се допадне

АХВ одбележува 15 години постоење
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
Таг:бизнис форумИКТМакедонско-грчкиСкопје
Претходен напис Променливо облачно со повремен дожд и грмежи
Следен напис АХВ одбележува 15 години постоење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?