Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Агровести

Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра

Објавено 03/06/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од рано утрово во тек е акција на грчката полиција во регионот на градовите Кожани и Агринио за измами поврзани со европските земјоделски субвенции, при што уапсени се 13 лица, кои нелегално се стекнале со над 2,5 милиони евра, информираа од полицијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Полициската акција ја спроведува Одделот за борба против економски криминал при Дирекцијата за борба против организиран криминал, со цел разбивање на криминална организација чии членови се вмешани во измама на штета на финансиските интереси на Европската Унија, како и во давање лажни изјави.

Меѓу уапсените 13 лица, се и управител и вработен во Центарот за прием на барања, а во истрагата се опфатени вкупно 39 лица.

-Се проценува дека незаконската финансиска корист надминува 2,5 милиони евра, а паралелно се утврдени и даночни прекршоци, информираа од грчката полиција.

Минатата седмица, за скандалот со европските земјоделски субвенции, во две одвоени акции спроведени во областите на Солун, Килкис, Сер и Атина, како и во делови на островот Крит беа уапсени вкупно 39 лица за нелегална корист од над 7 милиони евра.

МИА

Може да ви се допадне

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане
Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка
Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
Таг:Агриниоземјоделски субвенцииКожаниуапсени
Претходен напис Чорба од црвен грав
Следен напис Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?