Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнува 9. Регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почнува 9. Регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026
Агровести

Почнува 9. Регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026

Објавено 01/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, во Скопје денеска и утре ќе се одржува 9. Регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026. Форумот ќе ги обедини носителите на политики, меѓународните организации, финансиските институции, приватниот сектор и граѓанското општество, со цел зајакнување на регионалната климатска соработка и отпорност.

Како што најавуваат организаторите, на официјалното отворање и во рамки на програмата ќе учествуваат високи домашни и меѓународни претставници, меѓу кои премиерот Христијан Мицкоски, министерот за животна средина и просторно планирање Мухамет Хоџа, евроамбасадорот Михалис Рокас, директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Артур Лорковски, како и извршниот директор на МЕФ и ЗИП Институт, Агим Селами. Специјално обраќање ќе има и Фатма Варанк, извршен директор на COP31 Турција.

Настанот се организира во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање, а претставува една од најзначајните регионални платформи за климатска дипломатија во Југоисточна Европа.

МЕФ 2026 оваа година има статус на официјален партнерски настан на Претседателството со COP31, со што станува дел од пошироките меѓународни подготовки за претстојниот глобален климатски самит. Заклучоците и препораките од дискусиите во Скопје ќе придонесат кон регионалниот придонес во глобалните разговори за климатска акција, енергетска транзиција, климатска отпорност и одржлив економски развој.

-Во време на растечки климатски ризици, екстремни временски појави и зголемени геополитички предизвици, МЕФ 2026 ќе се фокусира на теми поврзани со климатската отпорност, праведната транзиција, регионалната соработка, обновливите извори на енергија, зелените инвестиции, критичните суровини и одржливите синџири на снабдување. Форумот ќе отвори простор за заеднички регионални решенија кои ги поврзуваат климатските цели со економската стабилност, безбедноста и социјалната кохезија. МЕФ 2026 претставува важен мост меѓу Западен Балкан и глобалната климатска агенда. Преку партнерството со COP31, регионот добива можност своите предизвици, политики и приоритети директно да ги внесе во глобалните климатски дискусии и да придонесе кон заедничките напори за поотпорна и поодржлива иднина, велат организаторите. 

МЕФ 2026

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:енергетска транзицијаМЕФ 2026одржлив развојРегионален форум
Претходен напис Можеме ли да ги ублажиме пожарите на ниво на предел во Западен Балкан?
Следен напис Цената на суровата нафта Брент се зголеми до 93,01 долари за барел
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?