Изминатата седмица имавме променливо и нестабилно време, сончево и топло, со повремени врнежи од дожд.
Овие временски услови ги одржува земјоделските култури во една активна состојба, но и појава на болести, штетници и плевели. Некои од овошките во овој период се во интензивен раст, а некои се во фаза на берба. Житните клубенести култури – компирот во некој региони е во фаза на цветање. За време на цветање, се јавува интензивно формирање на клубени, чиј број и големина во голема мера зависи од условите. За време на овој важен период, кај компирот потребно е наводнување, прихрана, заштита од болести штетници и плевели. Токму поради тоа, овој дожд позитивно ќе се одрази врз компирот. Останатите житни култури се во последната фаза од животниот циклус – созревање, што е исто мошне значајна фаза во нивниот животен циклус. Кај некои сорти на винова лоза е започната фенофазата цветање. Се препорачува да не се врши и фитозаштита додека трае цветањето.
Денес на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Во петок и во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури. Од недела температурите повторно ќе бидат во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. При вакви временски услови земјоделските производители да посветат поголемо внимание на заштита на нивните посеви, можност за појава на болести и штетници, да преземат содветни агротехнички мерки заради постоење на оптимални услови за нивно ширење и развој, уништување на плевели преку плитка обработка на почвата, бидејќи нивната појава може значително да го намали приносот и квалитетот.
Предупредување: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува под отворен простор. Да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив
Минималната температура ќе се движи во интервал од 6°C до 18°C, a максималната температура ќе се движи во интервал од 21°C до 34°C.
Извор: Агрометео
