Во текот на денешниот ден времето во државава ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи. Има услови и за ретка појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи а ќе дува и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.
Потоа од утре па во следните неколку денови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

