Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови 
Агровести

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови 

Објавено 26/05/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата почнувајќи од 15 јуни на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корсници со електронски тагови. Со таа измена, соопшти денеска ЈПДП, вршењето на наплата со MCard на тие ленти се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.

ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање: електронска наплата (MTAG / MCARD)  и готовинско плаќање (CASH). 

Воедно, потсетува ЈПДП, за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, корисниците се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите: зелена стрелка – означува активна (отворена) лента, а црвен икс (X) – означува затворена лента

– Непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот, соопшти ЈПДП.

МИА

Може да ви се допадне

АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Таг:15 јуниMTAGелектронски таговиЈПДП
Претходен напис Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра
Следен напис СКСМ: Признание за Пленковиќ и Мицкоски од претседателот Азески
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?