По успешните едукативни настани за напредни техники во одгледувањето бадеми, продолжуваме со нова можност за стручно усовршување и размена на искуства!
Компанијата Балески-Органик ДОО Валандово заедно со 33 Прва Органска Задруга Валандово, со поддршка од Increasing Market Employability – IME, ги покануваат сите заинтересирани земјоделци, агрономи и производители на нов едукативен настан посветен на управување со почвата во насади со бадеми и современи практики за подобро производство.
Датум: 31.5.2026
Време: 11.00 ч.
Локација: Валандово, Дом на култура „25 Мај“
Што да очекувате?
Повторно со нас ќе биде Хуан Пабло Белидо од Шпанија, експерт со долгогодишно меѓународно искуство во одгледување бадеми, кој ќе води динамична и практична обука.
Ќе се обработи темата: Вредноста и значењето на правилното управување со почвата во насадите со бадеми
Ќе се направи осврт на зимското и пролетното управување со насадите
Ќе се разговара за искуства, резултати и прашања од производителите кои веќе примениле одредени практики
Ќе се дискутира за сегашноста и иднината на производството на бадем на светско ниво
Предвидена е интерактивна дискусија, прашања и размена на практични искуства
Овој настан е одлична можност да добиете директни совети од меѓународен експерт, да ги споделите вашите искуства и да стекнете нови знаења за подобро управување со насадите, почвата и производството.
На настанот ќе биде обезбеден превод на македонски јазик.
Како да се пријавите?
Пополнете го формуларот на следниот линк:
https://forms.gle/zNx9B9BXWaD4q7fV6
или,
Испратете е-маил на: [email protected]
или,
Јавете се на: 075 22 52 42
Не ја пропуштајте оваа можност да стекнете нови знаења, да поставите прашања и да бидете дел од заедница која работи на модерно, одржливо и конкурентно производство на бадеми!
