Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МАСИТ на средба со амбасадорката на Грција го најави првиот ИКТ Бизнис Форум „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МАСИТ на средба со амбасадорката на Грција го најави првиот ИКТ Бизнис Форум „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“
Агровести

МАСИТ на средба со амбасадорката на Грција го најави првиот ИКТ Бизнис Форум „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“

Објавено 19/05/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во пресрет на првиот „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“, помеѓу Северна Македонија и Грција, претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски и директорката на Извршната канцеларија на МАСИТ, Елена Петрушевска, остварија средба со амбасадорката на Република Грција во земјава, Н.Е. Софија Филипиду, стои во соопштението од МАСИТ кое МИА го објавува интегрално.

На средбата беше потврдена заедничката заложба за продлабочување на економската и технолошката соработка меѓу Северна Македонија и Грција, со посебен фокус на развојот на ИКТ секторот, дигиталната трансформација и регионалното поврзување на компаниите.

Во таа насока, МАСИТ официјално го најавува одржувањето на „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“, кој ќе се одржи на 4 јуни 2026 година во Скопје, во организација на МАСИТ и грчката асоцијација на ИКТ компании SETPE.

Форумот претставува прва организирана билатерална платформа за поврзување на ИКТ секторите од двете земји, создадена со цел да поттикне нови деловни партнерства, регионална соработка и пристап до нови пазари за компаниите од двете земји.

На настанот се очекува учество на повеќе од 20 грчки ИКТ компании, како и компании и институции од домашниот пазар, преку структурирани B2B средби, активности за вмрежување и дискусии посветени на дигиталната трансформација и економската соработка во регионот.

Во рамки на форумот ќе биде потпишан и Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и SETPE, со што дополнително ќе се зајакне институционалната и деловната поврзаност помеѓу двете ИКТ заедници, а истиот е поддржан од Стопанска Банка АД Скопје.

Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, истакна дека форумот претставува значаен чекор кон создавање посилна регионална ИКТ мрежа и конкретна платформа за деловен раст и меѓународна соработка.

„Веруваме дека регионот има сериозен потенцијал за заеднички дигитален развој. Со овој форум отвораме нов канал за директно поврзување на компаниите, размена на знаење и создавање нови бизнис можности помеѓу македонскиот и грчкиот ИКТ сектор“, изјави Димитровски.

Во рамки на средбата беше отворена и дискусија за новите законски решенија и реформски процеси поврзани со дигиталната економија и развојот на ИКТ индустријата, при што беше нагласена важноста од создавање предвидлива и конкурентна бизнис-клима што ќе го поттикне растот на технолошките компании и регионалната соработка.

МАСИТ продолжува активно да работи на интернационализација на македонската ИКТ индустрија и создавање нови можности за домашните компании преку регионални и меѓународни партнерства.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Digital Bridge & Business ICT Forum 2026грцијаИКТ Бизнис ФорумМАСИТ
Претходен напис Пестицидите во Србија наскоро ќе бидат достапни само со рецепт!
Следен напис Заради пожар на депонијата во Радовиш градоначалникот апелира да се избегнува непотребен престој на отворено, да се ограничат движењата и да се користат заштитни маски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?