Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лидл Северна Македонија продолжува со инвестиции, нови вработувања и развој на домашната економија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Лидл Северна Македонија продолжува со инвестиции, нови вработувања и развој на домашната економија
Агровести

Лидл Северна Македонија продолжува со инвестиции, нови вработувања и развој на домашната економија

Објавено 17/05/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лидл Северна Македонија продолжува со својата кампања за вработување за позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата, испраќајќи јасна порака за својата долгорочна посветеност на македонскиот пазар, инвестициите, развојот на локалната економија и отворањето нови можности за вработување. Кампањата „Добра игра. Фер плеј“ има за цел да ги доближи можностите што Lidl ги нуди како работодавач и да охрабри што поголем број заинтересирани кандидати да станат дел од тим кој функционира врз принципи на фер однос, транспарентност, почит и професионалност.

„Со кампањата ‘Добра игра. Фер плеј’ сакаме да испратиме јасна порака дека во Lidl секој има можност да биде дел од тим кој функционира по јасни правила, со фер однос и почит кон секој поединец. Нашата цел е долгорочно да инвестираме, да создаваме нови можности за вработување и да бидеме сигурен, професионален и одговорен партнер на државата, институциите и граѓаните“, велат од Лидл Северна Македонија.

Компанијата моментално обезбедува стабилни работни места за повеќе од 400 вработени, со јасен фокус на професионален развој, фер услови за работа и долгорочна сигурност. Lidl нуди структуриран процес на вработување, како и сеопфатни обуки за сите нови вработени, кои траат од 6 до 8 недели и овозможуваат стекнување практични знаења и вештини потребни за успешно извршување на работните задачи. Работењето во Lidl се темели на вредности како што се почит, доверба, високи перформанси, приземност и заедништво. Во таква средина, секој вработен е важен, ценет и поддржан, а тимската работа претставува клучен фактор за успех и долгорочен развој.

Како дел од една од водечките европски малопродажни компании, која работи во повеќе од 30 земји, Лидл Северна Македонија своето работење го темели врз високи професионални стандарди, интегритет и целосно почитување на локалното законодавство, институциите и сите важечки регулативи. Влезот на Lidl во земјава е резултат на внимателно планиран и транспарентен инвестициски процес, реализиран во партнерство со релевантните институции и согласно сите пропишани процедури. Компанијата работи транспарентно и одговорно, со одлична соработка со институциите на централно и локално ниво секаде каде што Lidl има свои инвестиции низ државата, почитувајќи ги сите законски и административни процедури во процесот на своето работење и инвестирање во земјата.

Lidl гледа на македонскиот пазар долгорочно, а од почетокот на своето работење во земјава инвестираше повеќе од 200 милиони евра во развојот на современа малопродажна и логистичка инфраструктура. Lidl ќе отвори маркети низ целата земја како дел од својата стратегија за економија на обем и како во другите земји каде што работи, ќе овозможи понуда со највисок квалитет по пристапна цена. Логистичкиот центар во Куманово е најголем логистички центар на Lidl на Балканот, а со таква современа и развиена инфраструктура Lidl ќе овозможи секој ден понуда на свежи продукти за нашите потрошувачи секаде низ државата.

Покрај отворањето нови работни места, Lidl активно придонесува и за развојот на домашната економија преку соработка со македонски производители и поддршка на извозот на домашни производи на европските пазари. Во 2025 година извозот на македонски производи преку мрежата на Lidl достигна 15,5 милиони евра, што претставува значителен раст во споредба со претходните години и конкретен придонес кон домашното производство и извозниот потенцијал на земјата.

Особено значајно е што преку соработката со Lidl, македонските компании добиваат пристап до европските пазари, можности за зголемување на производството, унапредување на стандардите и долгорочен развој на своите капацитети. Компанијата останува посветена на понатамошно зајакнување на соработката со домашните производители и добавувачи, со цел на потрошувачите да им понуди широк спектар на квалитетни производи по пристапни цени.

Компанијата останува фокусирана на понатамошен развој на своето работење во земјата, отворање нови работни места, поддршка на домашната економија и обезбедување квалитетни производи и услуги за потрошувачите во Северна Македонија.

Извор – Економија и бизнис

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ИнвестициилидлМакедонија
Претходен напис УХМР со предупредување: Земјава под влијание на силно невреме со пороен дожд, град и силен ветер
Следен напис Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?