Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сали учествуваше на Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сали учествуваше на Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда
Агровести

Сали учествуваше на Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Објавено 14/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали во рамки на Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024–2027, организиран од Институтот за европска политика (ЕПИ) Скопје и Министерството за европски прашања, ја истакна важноста на Реформската агенда како клучен инструмент за институционална трансформација и унапредување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија. 

Како што соопшти МЕП, тој нагласи дека Северна Македонија беше првата држава во регионот што ја финализираше Реформската агенда и ги потпиша договорите во рамки на Reform and Growth Facility, исполнувајќи ги условите за исплата на предфинансирањето.

-Беше истакнато дека досега фокусот бил главно на исполнување на чекорите и обврските, додека сега е време да се зборува и за конкретните ефекти и придобивки што реформите ги носат за граѓаните и институциите, стои во соопштението.

На состанокот се одржале тематски дискусии за енергетската транзиција и дигиталната трансформација, развојот на приватниот сектор и деловното опкружување, човечкиот капитал, како и владеењето на правото и доброто управување.

Од Мнистерството додаваат дека биле презентирани и наодите од пилот-мониторингот на Реформската агенда и беше дискутиран напредокот во спроведувањето на реформите во тековниот период, и реафирмирана посветеноста за продолжување на реформите и унапредување на процесот на европска интеграција, со порака дека европскиот пат бара резултати, одговорност и долгорочна визија.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Националниот консултативен механизамРеформската агендасалиТретиот состанок
Претходен напис Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
Следен напис Конференција: Да се креира платформа за борба против корупцијата во која ќе се вклучат сите општествени чинители
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?