Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: И понатаму без целосна стабилизација на времето – детали
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > И понатаму без целосна стабилизација на времето – детали
Агропрогноза

И понатаму без целосна стабилизација на времето – детали

Објавено 12/06/2020
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денес во нашата држава времето ќе биде сончево со умерена облачност, додека попладне променливо облачно со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во југоисточните предели повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Мали се условите за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 26 степени.

Потоа и утре условите за нестабилност ќе бидат помали, иако не се исклучува можноста за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. На почетокот од следната недела ќе продолжи периодот на нестабилно време, особено во попладневните часови кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

Максималните дневни температури, особено за викендов ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени.

Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:временска прогнозадетали за времетонема стабилизација на времетопроменливо време
Претходен напис Невреме со град попладнево во Гостивар
Следен напис Во МЗШВ ќе се потпишуваат договорите за поддршка на планските региони
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?