Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Азески: Евентуалното зголемување на инфлацијата може да предизвика катастрофални последици, компаниите се исцрпени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Азески: Евентуалното зголемување на инфлацијата може да предизвика катастрофални последици, компаниите се исцрпени
Агровести

Азески: Евентуалното зголемување на инфлацијата може да предизвика катастрофални последици, компаниите се исцрпени

Објавено 14/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Висок е процентот на корупција во државата и тоа ни е сега приоритет. Не се остварија драматичните најави дека брзо ќе бидат подобрени процентите на инфлацијата, а нејзиниото евентуално зголемување може да предизвика катастрофални последици поради структурата на стопанството, изјави денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески пред почетокот на конфедерацијата „Бизнис со интегритет”.

Компаниите, додаде Азески, сигнализираат дека се крајно исцрпени и во исчекување со оглед на неизвесноста во глобални рамки.

– Мислам дека државата уште има свои механизми со кои може да ја контролира ситуацијата пред да дојде некоја работа за која треба да се интервенира со мерки. Ние сме во секојдневна комуникација со Владата, и преку нашите асоцијации и преку нашите органи. Инфлацијата е најголемото зло што може да ѝ се случи на една држава и затоа, ќе бараме сè што е можно да се држи под контрола, да се искористат сите механизми, зашто ако дојде во нашето стопанство, заради неговата структура, ќе има тешки, катастрофални последици. Мислам дека треба да направиме сè, сите надлежни институции, да не дозволиме ескалирање на состојбата, барем во делот каде што можеме да влијаеме, кај неувезената инфлација, нагласи Азески.

Компаниите, додаде, ја чувствуваат опасноста која може да дојде.

– Треба да се има предвид временскиот период што не зависи од нас. Ова е глобално прашање и мислам дека ние тука ќе бидеме само колатерална штета. Да се надеваме и да бидеме оптимисти дека нема да дојде до најлошото сценарио, а тоа е, да завршат со преговорите оние што сега се решаваат во ОН. Тоа ќе го смири бизнисот, ќе ја смири инфлацијата, ќе ги смири сите негативности што во овој момент се присутни, подвлече претседателот на Стопанската комора.

Стопанска комора

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:азескизголемувањеинфлацијатаисцрпеникатастрофални последици
Претходен напис Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 14.05.2026 година
Следен напис Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?