Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Годишен извештај за работата на РКЕ во 2025 година: За 8,34 отсто зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Годишен извештај за работата на РКЕ во 2025 година: За 8,34 отсто зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година
Агровести

Годишен извештај за работата на РКЕ во 2025 година: За 8,34 отсто зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година

Објавено 13/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лани за 8,34 отсто е зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година. За истиот период, раст на потрошувачката е регистриран и кај дизелот (5,17 отсто), екстра лесното масло (2,23) и кај течниот нафтен гас – ТНГ(3,55 отсто), додека пад во потрошувачката има кај млазното гориво за (-53,29 отсто), мазутот (-1,12) и кај потрошувачката на биодизел (-2,52 отсто).

Продажбата на нафтени деривати на домашниот пазар за една година е зголемена за 4,88 отсто. Во структурата на потрошувачката најголем удел има дизел горивото со 74,16 отсто, по што следуваат безоловните бензини со 11,74, мазутот со 6,61 и течниот нафтен гас со 5,22 отсто. Скоро 87 отсто од нафтените деривати во текот на минатата година биле увезени од Грција, над 9 проценти од Бугарија, 2,07 од Албанија, и 1,45 проценти од Србија, покажуваат резултатите од Годишниот извештај .

-Во 2025 година го завршивме повторното лиценцирање на големите нафтени компании, што во пракса значи дека во следните 10 години се обезбедени предуслови за непречено снабдување со нафтени деривати – изјави Ацо Ристов, претседател на РКЕ.

Нагласи дека потрошувачката на природниот гас остана стабилна. Податоците покажуваат дека ТЕ-ТО и трите топлани се најголеми потрошувачи со 85 отсто од вкупната потрошувачка, втори се индустриските потрошувачи со 13, додека потрошувачките кои се приклучени на системите за дистрибуција на природен гас се со најмал удел од само 2 отсто.

Осум трговци вршеле увоз на природен гас во текот на изминатата година, што претставува зголемување на конкурентноста.

Во 2025 година ЕНЕРЏИ ЕКОЛИНК АД Скопје (поранешна Топлана Скопје Север) се стекна со две лиценци од кои едната е за производство, а втората за снабдување со топлинска енергија. 

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:2024 годинаГодишен извештајпотрошувачкатаРКЕ
Претходен напис Димитриеска-Кочоска за МИА: Со ребалансот нема да бидат засегнати ставките кои придонесуваат за економски раст и мерките за поддршка на граѓаните 
Следен напис Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?