Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заменик-министерот Хоџа учествува на Регионалната конференција на ФАО во Таџикистан, избран и за потпретседавач (Vice Chair) на конференцијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заменик-министерот Хоџа учествува на Регионалната конференција на ФАО во Таџикистан, избран и за потпретседавач (Vice Chair) на конференцијата
Агровести

Заменик-министерот Хоџа учествува на Регионалната конференција на ФАО во Таџикистан, избран и за потпретседавач (Vice Chair) на конференцијата

Објавено 13/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, учествува на 35-тата Регионална конференција за Европа и Централна Азија на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), која се одржува во Таџикистан.

Регионалната конференција на ФАО претставува еден од најзначајните меѓународни форуми во областа на земјоделството, безбедноста на храната и руралниот развој, на кој учествуваат министри, заменици-министри, високи владини претставници, експерти и развојни партнери од Европа и Централна Азија.

Во фокусот на дискусиите се современите агро-прехранбени политики, справувањето со климатските промени, заштитата на биодиверзитетот, дигиталната трансформација на агро-прехранбениот сектор, како и зајакнувањето на отпорноста на земјоделските системи и безбедноста на храната.

Во текот на конференцијата, заменик-министерот Хоџа учествува на дискусии на високо ниво посветени на руралниот развој, иновациите во земјоделството и унапредувањето на регионалната соработка во агро-прехранбениот сектор.

Во рамки на конференцијата, заменик-министерот Хоџа е избран и за потпретседавач (Vice Chair) на конференцијата, претставувајќи ја Република Северна Македонија во раководните структури на овој регионален форум.

На маргините на конференцијата се предвидени и билатерални средби со претставници на земјите учеснички и раководството на ФАО, со цел размена на искуства и продлабочување на соработката во областа на земјоделството и руралниот развој.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Невработените од земјава, посебно младите до 29 години најдоцна до утре можат да се пријават на огласот за добивање грант за самовработување и започнување сопствен бизнис
Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг во првиот квартал е 58,9 проценти од БДП, тоа е суштинската разлика во начинот на кој ние ги водиме јавните финансии
ЦУК: Повеќе пријави за поплави и нарушување на инфраструктурата по невремето во Скопје, најкритични Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 02.07.2026 година
ММФ ќе прави анализи на пензискиот фонд, во Буџетот се предвидени вкупните 19,6  милијарди денари за Вториот столб
Таг:Vice ChairКонференцијаТаџикистанФАОХоџа
Претходен напис Домашната градежна оператива со намалена вредност на договорени и извршени работи во странство
Следен напис Променливо и посвежо време со дожд и можни грмежи, утрово најстудено на Попова Шапка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?