Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Божиновска на Евроазискиот економски самит во Истанбул: Македонија дел од глобалната дебата за енергетска безбедност и новиот светски поредок
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Божиновска на Евроазискиот економски самит во Истанбул: Македонија дел од глобалната дебата за енергетска безбедност и новиот светски поредок
Агровести

Божиновска на Евроазискиот економски самит во Истанбул: Македонија дел од глобалната дебата за енергетска безбедност и новиот светски поредок

Објавено 12/05/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во услови на глобални кризи енергетиката повеќе не е само економско прашање, туку прашање на безбедност, стабилност и стратешка отпорност на државите – порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во своето обраќање на панелот на тема Energy and Economy in the Post-War World alongside War, Terror, Conflict and Forced Migration на 29. Евроазиски економски самит во Истанбул, Турција.

– Изолацијата не е стратегија. Соработката е – рече Божиновска нагласувајќи дека земјата активно работи на диверзификација на енергетските извори, регионално поврзување, инвестиции во обновливи извори и модернизација на енергетската инфраструктура.

Посебен акцент во обраќањето беше ставен на регионалната енергетска поврзаност на Балканот, која, според Божиновска, денес претставува геополитичка неопходност, а не само инфраструктурно прашање.

Министерката нагласи и дека зелената транзиција мора да биде реална, праведна и социјално одговорна, без создавање енергетска сиромаштија и нови економски нееднаквости, особено за земјите во развој и транзиција.

– Зелената транзиција не може да успее ако создава енергетска сиромаштија и ги продлабочува нееднаквостите. Потребна е транзиција што ќе биде истовремено и одржлива и праведна – истакна Божиновска.

Таа се осврна и на важноста од регионална соработка, стабилни партнерства и забрзана интеграција потенцирајќи дека малите држави не смее да бидат пасивни набљудувачи на глобалните промени, туку активни учесници во нивното обликување.

На панелот заедно со Божиновска учестуваа и актуелни и поранешни министри, европски политички лидери, дипломати и претставници на меѓународни институции од Европа, Азија и Блискиот Исток.

Учество на Македонија на вакви глобални форуми е од особена важност за позиционирање на државата како активен и кредибилен партнер во меѓународните процеси поврзани со енергетиката, економската стабилност, зелената транзиција и регионалната соработка.

Годинешниот Евроазиски економски самит се одржа со мотото Global Responsibility – The Post-War World with War, Terrorism, Conflict, and Involuntary Migration, а во фокусот на дискусиите беа глобалната енергетска безбедност, новите геополитички односи, климатските предизвици, недостигот на вода и зеленило, како и економските и социјалните последици од светските конфликти и миграции. Самитот во Истанбул собра политички лидери, министри, дипломати, академици, претставници на бизнис-секторот и граѓански организации од повеќе континенти, со цел отворање нов дијалог за поодржлива, постабилна и покооперативна иднина. 

МЕРМС

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Божиновскаекономски самитИстанбулМакедонија
Претходен напис Мајк Зафировски: Иновациите се можност за Македонија, потребни се посилни бизниси, паметна регулатива и повеќе извозни производи
Следен напис Селмани: Kога бизнисот, институциите и дипломатијата дејствуваат заедно, границите се претвораат во мостови на соработка и развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?