Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мајк Зафировски: Иновациите се можност за Македонија, потребни се посилни бизниси, паметна регулатива и повеќе извозни производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мајк Зафировски: Иновациите се можност за Македонија, потребни се посилни бизниси, паметна регулатива и повеќе извозни производи
Агровести

Мајк Зафировски: Иновациите се можност за Македонија, потребни се посилни бизниси, паметна регулатива и повеќе извозни производи

Објавено 12/05/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фокусирајте се на она што можете да го контролирате. Ние сме релативно мала земја, случувањата во остатокот од светот може да нè парализираат. Тоа им го порача Мајк Зафировски на политичарите и на сопствениците на бизниси, кој е еден од основачите на „Македонија 2025“, од самитот во Скопје, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“.

Според него, силна, независна, демократска Македонија би била одлична за граѓаните, за регионот, за Европа, и за светот. 

Забележа дека Европа значително заостанува во однос на иновациите, што е една од можностите за Македонија. 

– Имате многу регулативи за приватност и ова е прашање за тоа која е вистинската рамнотежа меѓу напредокот на иновациите и заштитата на начинот на живеење. Не се залагам за тоа што може или што треба да се случи, но инвестициите ќе бидат значајни, ќе има победници и губитници, како и во секоја индустриска трансформација. И доколку Македонија постапи мудро, ќе може да привлече вистински инвестиции и инвеститори, но и да комуницира со граѓаните на начин што ќе помогне да се ублажат стравувањата од негативните последици или од тоа што би можела да донесе вештачката интелигенција – истакна Зафировски.

null

Важно прашање за него е и невработеноста кај младите и дел од предизвикот е како да се искористат можностите за да се подобри сè.

– Колку сте погласни, а премиерот Мицкоски е сè погласен, толку повеќе можете јасно да кажете што може и што треба да се направи. Значи, да, постојат предизвици во целиот свет, но има и многу посветени граѓани, вклучувајќи ме и мене, кои и приватно и јавно се обидуваат да укажат што може и што треба да се направи. Но, повторно, кога станува збор за Македонија, за тоа каде сме економски и каков ни е квалитетот на живот, лесно е тие причини, не би ги нарекол изговори, да се користат како оправдување зошто не можеме подобро. Она што го кажав утрово е на многу начини за да ги охрабрам луѓето да ги направат потребните подобрувања наместо да бидат парализирани од глобалните проблеми и да не се движат напред за навистина да им помогнат на граѓаните онаму каде што можат – рече Зафировски одговарајќи на новинарски прашања на самитот. 

Навраќајќи се на ветувањата од Чикаго дадени пред две години, тој потсети дека едно од нив е да направат сè за да се елиминира корупцијата.

– Корупцијата е зло што постои во многу земји. За жал, ниту ние не сме исклучок. Има добар напредок на ова поле, но повторно: праведна земја во која луѓето имаат доверба останува предизвик број еден. Направен е добар напредок. Мислам дека дигитализацијата и другите напори навистина може да ни помогнат да се придвижиме напред – истакна Зафировски.
 
Повисок економски раст и ефикасна и транспарентна Влада со ветување дека ќе го зголемат лобирањето за влез на земјата во ЕУ.

null

– Второто ветување: раст од 3,5 проценти минатата година, многу повисоко од која било земја во регионот. Сè уште мислам дека треба да целиме кон уште повисок раст. Почнуваме од релативно ниска основа, но има многу голем потенцијал. Затоа продолжете да инсистирате на ставот од перспектива на раст, бизнисите да бидат посилни, паметна регулатива и повеќе извозно ориентирани производи. И, трето, да имаме ефикасна и транспарентна Влада и вистинска посветеност на пристапувањето кон ЕУ. Сфаќам дека се потребни двајца за да се дојде до договор, но повторно се обврзавме да ги зголемиме лобистичките напори за да се осигуриме дека нè слушаат правилно. Постои почит кон земјата, почит кон граѓаните, нашето име и нашата историја, но сепак се потребни дополнителни напори за влез во ЕУ – нагласи Зафировски.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ИновациитеМајк Зафировскимакедонијарегулатива
Претходен напис Сали: Европската интеграција мора да се претвори во конкретни дигитални услуги за граѓаните
Следен напис Божиновска на Евроазискиот економски самит во Истанбул: Македонија дел од глобалната дебата за енергетска безбедност и новиот светски поредок
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?