Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Меѓународна соработка и богата културна програма на фолклорниот фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Меѓународна соработка и богата културна програма на фолклорниот фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“
Агровести

Меѓународна соработка и богата културна програма на фолклорниот фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“

Објавено 11/05/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во духот на традицијата,  зачувувањето и афирмацијата на културното наследство и меѓународното пријателство, викендов во Оризари и Зрновци се одржа XII Меѓународен фолклорен фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“, во организација на Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари.

Во рамките на фестивалската програма, градоначалникот Владко Грозданов присуствуваше на свечениот прием организиран за гостите и за фолклорните ансамбли од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија, кој се одржа во етноклубот на ФА „Љупчо Сантов“. На приемот беше истакнато значењето на меѓународната културна соработка, негувањето на традицијата и поврзувањето на народите преку фолклорот, музиката и обичаите.

Централниот фолклорен концерт се одржа на 9 мај во дворот на црквата „Свети Атанасиј Велики“ во Оризари. Пред бројната публика настапија домашни и странски фолклорни друштва, презентирајќи богата програма исполнета со традиционални песни, ора и автентични народни носии. На присутните им се обрати градоначалникот Владко Грозданов, кој ја поздрави организацијата на фестивалот и придонесот во зачувувањето на македонското културно наследство и меѓународното пријателство.

Посебен белег на настанот даде и изложбата и дегустацијата на традиционални јадења,  на која беа претставени над 50 специјалитети од македонската и балканската кујна, подготвени од домаќини и гости од странство.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ѓурѓовденски обичаиМеѓународна соработкаорапесниТрадиционални
Претходен напис Гувернерот Славески на средба со австралискиот амбасадор, во фокусот можностите за унапредување на соработката
Следен напис Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?