Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Азески и Гицулика на разговори за квалитетот на виското образование
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Азески и Гицулика на разговори за квалитетот на виското образование
Агровести

Азески и Гицулика на разговори за квалитетот на виското образование

Објавено 08/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески денес (8.5.2026 година), ќе оствари средба со претседателката на Европската асоцијација за обезбедување квалитет во високото образование (ЕНКА), проф. д-р. Кристина Гицулика.

На средбата ќе се дискутира за вклученоста на бизнис заедницата во системот на високото образование, а фокусот посебно ќе биде ставен на учеството на бизнис зедницата во креирање на студиските програми, соработката во реализацијата на практичната настава и истражувачките процеси како основа за создавање иновативен и конкурентен бизнис.

Од аспект на бизнисот, квалитетот во високото образование е директно поврзан со продуктивноста, конкурентноста и долгорочниот развој на компаниите. Бизнисот не го мери квалитетот преку бројот на дипломи, туку преку вредноста што ја создава кадарот уште од првиот ден на вработување со знаење што е применливо, вештини што одговараат на реалните потреби на пазарот и способност за брза адаптација и иновација. 

И токму поради тоа, само преку вистинско партнерство меѓу образованието и бизнис-заедницата може да се зборува за квалитет и градење кадар, кој не чека да биде обучен, туку веднаш придонесува за раст и конкурентност на економијата, како и создавање систем каде образованието не е изолирано, туку директно поврзано со економијата.

Проф. д-р. Кристина Гицулика е професор на Политехничкиот универзитет во Букурешт, Романија. Прва жена што ја презема оваа највисока лидерска позиција во организацијата од нејзиното основање.

Стопанска комора

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:азескивиското образованиеГицуликаквалитетот
Претходен напис Официјално отворање на шестатата еко-акција Генералка викенд
Следен напис Божиновска за „Energygame“: Можеме да одиграме конструктивна улога и да станеме активен дел од регионалните енергетски текови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?