Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мојсоска Блажевски од „Македонија 2025“: Македонија мора да забрза со економскиот раст, реформите и поврзувањето со дијаспората
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мојсоска Блажевски од „Македонија 2025“: Македонија мора да забрза со економскиот раст, реформите и поврзувањето со дијаспората
Агровести

Мојсоска Блажевски од „Македонија 2025“: Македонија мора да забрза со економскиот раст, реформите и поврзувањето со дијаспората

Објавено 07/05/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонија и покрај одреден напредок сè уште значително заостанува зад земјите членки на Европската Унија, поради што се неопходни длабоки реформи, побрз економски раст и поефикасни институции, изјави главната извршна директорка на „Македонија 2025“, Никица Мојсоска Блажевски, на денешниот брифинг со новинарите за претсојниот Самит 2026.

Таа информираше дека годинава Самитот „Македонија 2025“ има цел да понуди конкретни решенија и јасни пораки за економскиот и општествениот развој на земјата во однос на макроекономијата и економскиот раст, како и фокус на инвестициите, инфраструктурата и лидерството.

Таа посочи дека иако податоците за странските инвестиции не се поволни, меѓународните анализи сепак препознаваат одреден исчекор на земјата кон инвестиции со поголема додадена вредност, што, според неа, треба да биде насоката и во иднина.

Во рамки на Самитот ќе се разговара и за инфраструктурниот развој, со учество на претставници на Владата и Министерството за транспорт и врски, а програмата ќе биде прилагодена на современите формати – со пократки и поинтерактивни сесии, интервјуа и директни разговори.

Блажевски најави дека програмата ќе опфати теми поврзани со лидерството, дигитализацијата и вештачката интелигенција, како и панели со говорници од корпоративниот, граѓанскиот и дипломатскиот сектор. Самитот ќе биде затворен со пораки од високи владини претставници.

Говорејќи за идните планови на организацијата, Мојсоска Блажевски нагласи дека „Македонија 2025“ влегува во нова стратешка фаза со стратегија до 2030 година, заснована на три клучни столба – економски развој, образование и лидерство, и дијаспората.

-Без економски раст не можеме да зборуваме за ништо друго. Но, исто толку важно е вложувањето во луѓето и поврзувањето со дијаспората, која претставува голем неискористен потенцијал за земјата-рече таа.

Организацијата, како што посочи, продолжува со соработката со Владата во неколку области, меѓу кои дигитализацијата, воспоставувањето национален научно-технолошки парк и развојот на услуги за дијаспората. Воедно, најави и промоција на нова дигитална платформа наменета за поврзување на дијаспората со Македонија.

Мојсоска Блажевски потенцираше дека „Македонија 2025“ е независна и непартиска организација, која критички, но конструктивно придонесува во јавниот дискурс, а сите вклучени работат на волонтерска основа.

Оваа година на самитот се очекуваат околу 700 учесници и над 300 компании вклучени во различни активности.

Самитот „Македонија2025“ е водечка регионална платформа која ги здружува глобалните бизнис лидери, креаторите на политики, инвеститорите, иноваторите и членовите на дијаспората за да ја обликуваат иднината на економскиот раст и лидерството во Југоисточна Европа. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:МакедонијаМакедонија 2025Мојсоска Блажевскиреформите
Претходен напис Во Хрватска уапсени над 20 лица за проневера на пари од европски земјоделски фондови
Следен напис Облачно со дожд и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?